User manual

2.2 Поврзување на струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од пожар и струен
удар.
Апаратот мора да биде заземјен.
Секое поврзување со струја треба
да биде направено од
квалификуван електричар.
Проверете дали информацијата за
напојување со струја на плочката
со спецификации се совпаѓа со
напојувањето со струја. Доколку не
се совпаѓа, контактирајте со
електричар.
Секогаш користете правилно
монтиран штекер отпорен на
струјни удари.
Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжени кабли.
Внимавајте да не ги оштетите
електричните компоненти (на пр.
приклучокот за струја, кабелот,
компресорот). Контактирајте со
сервисниот центар или со
електричар за да ги смени
електричните компоненти.
Кабелот за струја мора да стои под
нивото на приклучокот.
Поврзете го приклучокот за струја
со штекерот на крајот од
монтажата. Проверете дали
приклучокот за струја е пристапен
по монтирањето.
Не повлекувајте го кабелот за
струја за да го исклучите апаратот.
Секогаш повлекувајте го
приклучокот.
2.3 Употреба
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Постои опасност од
повреда, изгореници,
струен удар или пожар.
Не менувајте ги спецификациите на
овој апарат.
Не ставајте електрични апарати (на
пр. уред за правење сладолед) во
апаратот освен ако тоа не е
наведено од страна на
производителот.
Внимавајте да не ги оштетите
водовите за ладење. Содржи
изобутан (R600a), природен гас со
високо ниво на компатибилност со
околината. Овој гас е запалив.
Ако дојде до оштетување на
водовите за ладење, проверете
дали постојат пламен и извори на
оган во просторијата.
Проветрувајте ја просторијата.
Не дозволувајте жешките делови
да ги допрат пластичните делови
на апаратот.
Не чувајте запалив гас или течност
во апаратот.
Не ставајте запаливи производи
или предмети натопени со
запаливи средства во, блиску до,
или на апаратот.
Не допирајте го компресорот или
кондензаторот. Тие се жешки.
2.4 Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
оштетување на апаратот.
Пред одржувањето, исклучете го
апаратот и исклучете го кабелот од
штекерот за струја.
Апаратот содржи јаглеводороди во
уредот за ладење. Само
квалификувано лице смее да го
одржува апаратот и повторно да ја
полни единицата.
Редовно вршете проверка на
одводот на фрижидерот и ако е
потребно исчистете го. Ако одводот
е блокиран, ќе се собира одмрзната
вода на дното на апаратот.
2.5 Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
задушување.
Исклучете го апаратот од
приклучокот за струја.
Отсечете го кабелот за струја и
фрлете го.
Извадете ја вратата за да спречите
затворање на деца и миленичиња
во апаратот.
МАКЕДОНСКИ 5