User manual

Функција рерна Примена
Поставка за пица За да добиете попечена површина и крцкава основа
кога печете на едно ниво. Намалете ја температурата
на рерната (20-40 °C) во споредба со вообичаеното
печење
Обично За печење тесто и месо на едно ниво на печката.
Греење од долната
страна
За печење колачи со крцкав долен дел или во вид на
тенка кора и за конзервирање зимница.
Одмрзнување За одмрзнување храна.
Скара За печење рамни парчиња храна на средината од
скарата и за печење тостови.
Двојна скара За печење рамни парчиња храна во големи количини
и за печење тостови.
Загревање со скара За печење поголеми парчиња месо или живина на
едно ниво. Исто и за запекување и потпекување.
Вентилатор за ладење
Кога апаратот работи, вентилаторот за
ладење се вклучува автоматски за да
ги одржува ладни неговите површини.
Ако го исклучите апаратот,
вентилаторот продолжува да работи
додека апаратот не се излади.
Вметнување на приборот во рерната
Вметнете го приборот, така што
двојните странични рабови се наоѓаат
во задниот дел од рерната и
покажуваат кон долу. Турнете го
приборот помеѓу шините на едно од
нивоата во рерната.
Длабоката тава за печење и
решетката имаат двојни странични
рабови. Овие рабови и обликот на
шините обезбедуваат заштита од
превртување на приборот од
рерната.
Вметнување на решетката и на
длабоката тава за печење заедно
Ставете ја решетката врз длабоката
тава за печење. Турнете ја длабоката
тава за печење помеѓу шините на едно
од нивоата во рерната.
Сонда за месо
Сондата за месо ја мери температурата
во средината на месото. Кога месото ќе
ја достигне потребната температура,
печката автоматски се исклучува.
Може да се постават две температури:
Температурата на рерната:
Погледнете ја Табелата за печење
Температурата на средината: Видете
ја Табелата за сондата за месо
electrolux 7