User manual

Вратата од рерната има 2, 3 или 4
плочи стакло (зависно од моделот)
ВНИМАНИЕ Грубото ракување,
особено околу рабовите на
предната плоча, може да
предизвика кршење на стаклото.
Вадење и чистење на стаклата од
вратата
1. Фатете ја маската (В) на горниот раб
од вратата од двете страни и
притиснете ја навнатре за да ја
ослободите бравата со штипка.
2
B
1
2. Повлечете ја маската во предниот
дел и извадете ја.
3. Една по една фатете ги стаклените
плочи од вратата за горниот раб и
извлечете ги од шините
4. Исчистете ги стаклените плочи.
Вратете ги плочите на место на
истиот начин, по обратен редослед.
Помалата плоча треба да се вметне
прва, па потоа поголемите.
ШТО ДА СТОРИТЕ АКО...
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Видете го
поглавјето „Безбедносни
информации“.
Проблем Можна причина Решение
Рерната не се загрева Рерната не е вклучена Вклучете ја рерната
Рерната не се загрева Часовникот не е нагоден Поставете го часовникот
Рерната не се загрева Не се нагодени потребните
поставки
Проверете ги поставките
Рерната не се загрева Изгорел осигурувач во
таблата
Проверете го осигурувачот.
Ако осигурувачот избие
повеќепати, повикајте
квалификуван електричар.
Сијалицата во рерната не
работи
Сијалицата е прегорена Заменете ја со нова
На екранот на часовникот се
појавува F11
Сондата за месо има куса
врска или штекерот на
сондата за месо не е добро
вметнат во приклучницата
Докрај вметнете го штекерот
во приклучницата на
страничниот ѕид од рерната
Ако не можете сами да најдете
решение за проблемот, јавете се кај
продавачот или во сервисниот центар.
Потребните податоци за сервисниот
центар се на плочката со
спецификации. Плочката со
спецификации е на предната рамка во
празнината на рерната.
Ви препорачуваме податоците да ги впишете тука:
24 electrolux