User manual

Извадете ги осигурувачите од
таблата или исклучете ги.
Ставете крпа на дното на печката
за да ги заштитите ламбата и
стаклениот капак.
Замена на сијалицата во рерната/
чистење на стаклената маска
1. Завртете ја стаклената маска во
лево и извадете ја.
2. Исчистете го стакленото капаче.
3. Заменете ја сијалицата од рерната
со соодветна сијалица, отпорна на
топлина до 300°C.
4. Вратете го стаклениот капак.
Менување на сијаличката во рерната:
1. Стакленото капаче за сијаличката се
наоѓа на левата страна од
внатрешноста на рерната. Извадете
ја левата шина за држење на
решетките.
2. Користете тесен и тап предмет (на
пр. мало кафено лажиче) за да го
извадете стаклениот капак и да го
исчистете.
3. Ако е потребно: Заменете ја
светилката на рерната со светилка
за рерна отпорна на топлина до
300°C.
Употребете ист тип на сијаличка за
рерна.
4. Наместете го стаклениот поклопец.
5. Ставете ја левата шина за држење
на решетките.
Вратата од рерната и стаклените плочи
За да ја исчистете вратата од рерната
можете да ја извадите.
ВНИМАНИЕ Бидете внимателни
кога ја вадите вратата од апаратот.
Вратата е тешка!
Вадење на вратата од рерната
1. Отворете ја вратата докрај.
2. Кренете ги стегите (А) од двете
страни на шарките целосно.
A
A
3. Затворете ја вратата од рерната до
првото запирање (агол од прибл.
45°).
45°
4. Држете ја вратата со двете раце, од
двете страни, и одвлечете ја од
рерната под нагорен агол.
Положете ја вратата со
надворешната страна врз мека и
рамна површина за да не се изгребе.
5. Сега можете да ги извадите
внатрешните плочи за да ги
исчистите.
Вратете ја вратата на место на
истиот начин, по обратен редослед.
ВНИМАНИЕ Внимавајте на
стаклото, тоа може да се скрши.
electrolux 23