User manual
Уреди од не’рѓосувачки челик или
алуминиум:
Чистете ја вратата на печката само
со мокар сунгер. Исушете ја со мека
крпа.
Не користете челична жица, киселини
или абразивни материјали бидејќи
тие можат да ја оштетат површината
на печката. Чистете ја контролната
табла на печката со истите мерки на
претпазливост.
12.1 Чистење на заптивката на
вратата
• Вршете редовна проверка на заптивката на
вратата. Заптивката на вратата е околу
рамката на отворот на печката. Не го
користете апаратот ако заптивката на
вратата е оштетена. Контактирајте со
сервисниот центар.
• За да ја исчистите заптивката на вратата,
видете ги општите информации за
чистењето.
12.2 Држачи на решетката
Можете да ги извадите држачите на
решетката за да ги исчистите страничните
ѕидови.
Вадење на држачите за решетката
1.
Повлечете го предниот дел од држачите
настрана од страничниот ѕид.
2
1
2.
Повлечете го задниот дел од држачите
настрана од страничниот ѕид и извадете
го.
Местење на држачите за
решетката
Монтирајте ги држачите за решетката по
обратен редослед.
Кружните краеви од држачите мора
да бидат завртени нанапред.
12.3 Плафон на печката
Можете да ја извадите скарата за да го
исчистите плафонот од печката полесно.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Исклучете го апаратот пред да ја
извадите скарата. Проверете дали
апаратот е ладен. Постои опасност
од изгореници.
1.
Извадете го шрафот што ја држи скарата.
Кога го правите ова првпат, употребете
штрафцигер.
МАКЕДОНСКИ 59