User manual
3. Извадете ги металната маска и
заптивката и исчистете ги.
4. Доколку е потребно: заменете со
осветление за рерна од 25 вати, 230
V, отпорно на температури до 300°C.
5. Вратете ги металната маска и
заптивката на место и прицврстете ги
завртките.
6. Монтирајте ги решетките за
вметнување.
Вратата од рерната
Вратата од рерната може да се откачи за
чистење.
Откачување на вратата од рерната
1. Целосно отворете ја вратата од
рерната.
2. Целосно отклопете ги рачките на
обете шарки на вратата.
3. Странично фатете ја вратата од
рерната со двете раце и,
совладувајќи го отпорот , затворете ја
до ¾.
3
4
2
4. Одвлечете ја вратата од рерната
Внимание: тешко!
5. За да избегнете гребнатини,
положете ја вратата со
надворешната страна врз мека,
рамна подлога, на пример, врз ќебе.
Закачување на вратата од рерната
1. Со двете раце, странично фатете ја
вратата од страната на рачката.
2. Држете ја вратата под агол од прибл.
60°.
3. Истовремено турнете ги двете шарки
од вратата што е можно повеќе во
шуплините, лево и десно од долната
страна на рерната.
4. Кренете ја вратата се додека не
почувствувате отпор, па целосно
отворете ја.
electrolux 39










