User manual

Не употребувајте абразивни
средства за чистење. По потреба,
прво натопете ја нечистотијата или
кусо вклучете ја функцијата Готвење
на пареа.
Отстранете ги тврдокорните
нечистотии со специјални средства
за чистење на рерни.
ВНИМАНИЕ При примената на спреј
за рерна, задолжително
придржувајте се кон упатствата на
производителот!
Прибор
По секоја употреба, добро измијте и
исушете ги сите делови за вметнување
(решетката, плехот за печење,
решетката за вметнување). За полесно
чистење, кусо натопете ги.
Филтер за масти
1. Исчистете го филтерот за масти во
жешка сапуница или во машина за
садови.
2. При силно запечени нечистотии,
извријте го во малку вода со 2-3
супени лажици детергент за машина
за садови.
Решетка за вметнување
Решетките за вметнување, на левата и
десната страна на рерната, може да се
вадат за чистење на страничните
ѕидови.
Вадење на решетките за вметнување
1. Внимателно извлечете ја нагоре од
предното закачување.
2. Полека поместете ја решетката од
предното закачување кон внатре.
3. Извадете ја решетката од
закачувањето.
Ставање на решетките за вметнување
1. Полека вметнете ја решетката од
горе во закачувањето, туркајќи ја
покрај страничниот ѕид.
2. Поместете ја решетката од предното
закачување, преку клинот кон ѕидот.
electrolux 37