User manual

Electrolux. Thinking of you.
Видете повеќе како размислуваме на www.electrolux.com
Содржина
Совети за безбедност 2
Опис на уредот 3
Пред првото користење 5
Ракување со рерната 6
Табели за готвење 17
Чистење и нега 30
Што да преземете кога… 33
Упатство за монтажа 34
Отстранување 40
Сервис 40
Европска Гаранција 41
www.electrolux.com 41
Можноста за промени е задржана
Совети за безбедност
Важни безбедносни упатства!
Прочитајте ги внимателно и сочувајте ги
за идни потреби!
Електрична безбедност
Уредот смее да се приклучува само од
страна на овластено стручно лице .
При пречки или оштетувања на
уредот: Одвртете, одн. исклучете ги
осигурувачите.
Поправки на уредот смеат да се
изведуваат само од страна на стручни
лица . Нестручни поправки можат да
предизвикаат значителна опасност.
Во случај на поправка, обратете се во
нашата служба за односи со
корисниците или кај Вашиот продавач.
Безбедност на децата
Додека рерната работи, децата не
смеат никогаш да се оставаат без
надгледување.
Уредот е опремен со обезбедување за
деца.
Безбедност за време на работата
Овој уред смее да се употребува само
за варење, печење тесто и месо во
домашни услови.
Внимавајте при приклучувањето на
електрични уреди на приклучници кои
се во близината на овој уред.
Приклучните кабли не смеат да се
приклештуваат под жешката врата од
рерната.
Внимание: Опасност од изгореници!
Во текот на работата, внатрешноста
на рерната станува многу жешка.
Кога во рерната применувате
алкохолни додатоци, може
евентуално да настане лесно
запаллива мешавина на алкохоч и
воздух. Во тој случај, нмимателно
отворајте ја вратата. Притоа немојте
да ракувате со жар, искри или оган.
Лицата (вклучувајќи ги тука и децата),
кои врз основа на своите физички,
сензорски или душевни способности,
или поради своето неискуство или
своето незнаење, не се во состојба
безбедно да го користат уредот, не
треба да го користат уредот без
надгледување или упатство од
одговорно лице.
Совет за акриламидот
Според најновите научни сознанија,
интензивното печење на
прехранбените производи, особено
кај производите кои содржат
нишесте, може да предизвика
загрозување на здравјето поради
акриламид. Оттаму препорачуваме,
да готвите на што е можно пониски
температури и премногу да не ги
запечувате јадењата.
Вака ќе спречите оштетување на уредот
Не обложувајте ја рерната со
алуминиумска фолија и не
поставувајте тенџериња итн. на дното,
бидејќи емајлот на рерната може да се
оштети поради задржувањето на
топлината.
2 electrolux