User manual
ШТО ДА СТОРИТЕ АКО...
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Видете го
поглавјето „Безбедносни
информации“.
Проблем Можна причина Решение
Рерната не се загрева Печката е исклучена Вклучете ја
Рерната не се загрева Не се нагодени потребните
поставки
Проверете ги поставките
Рерната не се загрева Избил осигурувач во таблата Проверете го осигурувачот
Ако осигурувачот избие
повеќепати, повикајте
квалификуван електричар
На екранот се
прикажува F11
Сондата за месо е неправилно
поставена во штекерот за
сонда за месо
Поставете ја сондата за месо
што подлабоко можете
Светилката во рерната
не работи
Светилката е прегорена Видете во „Замена на
сијалицата во печката“.
Раженот не се врти Раженот не е правилно вклучен
во приклучницата за ражен
Видете во „Ражен“
Екранот прикажува код
за грешка што не е на
оваа листа
Има грешка во електрониката • Исклучете го апаратот преку
главната склопка или
сигурносниот прекинувач во
кутијата со осигурувачи и
повторно вклучете го
• Ако на екранот повторно се
прикаже пораката за грешка,
обратете се во Службата за
односи со корисниците
Ако не можете сами да најдете
решение за проблемот, јавете се кај
продавачот или во сервисниот центар.
Потребните податоци за сервисниот
центар се на плочката со
спецификации. Плочката со
спецификации се наоѓа на предната
рамка од внатрешноста на рерната.
Ви препорачуваме податоците да ги впишете тука:
Модел (MOD.) .........................................
Број на производ (PNC) .........................................
Сериски број (S.N.) .........................................
ЕКОЛОШКИ ПРАШАЊА
Отстранете го Вашиот истрошен уред
според прописите кои важат во Вашето
место на живеење.
Амбалажа
Амбалажата е еколошка и може да
се рециклира. Пластичните делови
се означени со меѓународните
кратенки како што се РЕ, РЅ, итн.
Фрлете ја амбалажата во
контејнери обезбедени за таа цел
во локалната установа за
управување со отпад.
30 electrolux










