User manual
Electrolux. Thinking of you.
Видете повеќе како размислуваме на www.electrolux.com
СОДРЖИНА
Безбедносни информации 2
Опис на производот 5
Пред првата употреба 5
Контролна табла 6
Секојдневна употреба 8
Функции на часовникот 10
Автоматски програми 11
Користење на приборот 11
Дополнителни функции 15
Помошни напомени и совети 16
Нега и чистење 27
Што да сторите ако... 30
Еколошки прашања 30
ЕВРОПСКА ГАРАНЦИЈА 31
Можноста за промени е задржана
БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажа и употреба, внимателно
прочитајте го ова упатство:
• Заради ваша лична безбедност и
безбедноста на вашиот имот
• Заради почитување на животната
средина
• Заради правилна работа на апаратот.
Секогаш чувајте ги овие инструкции со
апаратот, дури и ако го преместувате
или продавате.
Производителот не е одговорен ако
неправилната монтажа или употреба
предизвикаат оштетување.
Безбедност на децата и помалку
вештите лица
• Овој апарат можат да го користат
деца над 8 години и лица со
намалени физички, сензорни или
ментални способности или лица без
искуство и знаење доколки тоа го
прават под надзор или им биле
дадени упатства како безбедно да го
употребуваат апаратот и ги
разбираат опасностите поврзани со
него. Деца не смеат да играат со
апаратот.
• Сите материјали за пакување чувајте
ги далеку од дофат на деца. Постои
ризик од задушување или физичка
повреда.
• Држете ги децата и животните
подалеку од апаратот кога вратата е
отворена или кога тој работи. Постои
ризик од повреда или друг траен
инвалидитет.
• Ако уредот ги има функциите
„Блокада за деца“ или „Блокада на
копчињата“, употребете ги. Тоа ќе
оневозможи децата и животните
несакано да го вклучат апаратот.
Општа безбедност
• Не менувајте ги спецификациите на
овој апарат. Постои опасност од
повреда и оштетување на апаратот.
• Не оставајте го уредот без
надгледување додека работи.
•Исклучувајте го апаратот по секоја
употреба.
Монтажа
• Само овластен електричар смее да
го инсталира и поврзува апаратот.
Котактирајте го овластениот сервис.
Со цел да се избегне ризик од штета
или физички повреди.
• Уверете се дека апаратот не е
оштетен при транспорт. Никогаш не
поврзувајте оштетен апарат. По
потреба контактирајте го добавувачот.
• Пред првата употреба отстранете ги
сите делови од паувањето, лепенки и
слоеви од апаратот. Не отстранувајте
ја плочката со карактеристики. Може
да ја поништите гаранцијата.
• За време на инсталирањето уверете
се дека апаратот е исклучен од струја.
• Внимавајте кога го преместувате
апаратот. Апаратот е тежок. Секогаш
употребувајте заштитни ракавици. Не
го влечете апаратот за рачката.
• Електричната инсталација мора да
има изолациски уред кој што ви
овозможува да го исклучите апаратот
од приклучокот за струја кај сите
2 electrolux










