User manual
• Овошните сокови, кои капат од плехот
за печење, ќе остават дамки, кои не ќе
можете да ги отстраните. За многу
влажни колачи користете длабок плех.
• Не ставајте никаково оптоварување на
отворената врата од рерната.
• Никогаш не всипувајте вода директно
во жешката рерна. Тоа може да
предизвика оштетување и промена на
бојата на емајлот.
• Грубото ракување, особено околу
рабовите на предната плоча, може да
предизвика кршење на стаклото.
• Не чувајте никакви запаливи
материјали во рерната. Тие би можеле
да се запалат кога ќе ја вклучите
рерната.
• Не чувајте влажна храна во рерната.
Тоа би можело да го оштети емајлот.
• Не оставајте ги садовите во рерната
отворени откако ќе го исклучите
вентилаторот за ладење. Во
внатрешноста на рерната, на
стаклената врата, како и на грејачите,
може да се формира влага.
Забелешка: Емајлирана облога
Површинските промени во бојата на
емајлот во рерната се резултат на
употребата и не влијаат врз
нормалното и правилно користење
на рерната. Оттаму, тие не
претставуваат дефект во однос на
законот за гаранција.
electrolux 3










