User manual
Electrolux. Thinking of you.
Видете повеќе како размислуваме на www.electrolux.com
Содржина
Безбедносни информации 2
Опис на производот 4
Електронски команди на рерната 7
Ракување 10
Напомени, табели и совети 18
Нега и одржување 31
Што да сторите ако... 37
Отстранување 38
Монтажа 38
Европска Гаранција 41
Услуги за корисниците 43
Можноста за промени е задржана
Безбедносни информации
Електрична безбедност
• Овој уред смее да го приклучува само
само квалификуван електричар.
• Во случај на пречка или оштетување
на уредот: Извадете ги осигурувачите
или исклучете го уредот.
• Поправки на уредот смеат да
изведуваат само квалификувани
сервисни техничари. Од непрописни
поправки може да произлезе
значителна опасност. Доколку е
неопходна поправка, обратете се во
вашето одделение за односи со
корисниците или кај вашиот продавач.
Безбедност на децата
• Никогаш не оставајте ги малите деца
без надзор додека уредот работи.
• За да се заштити од неовластено
користење, уредот е опремен со
блокада за вклучување.
Безбедност за време на употреба
• Лицата (вклучувајќи ги и децата), кои
поради своите физички сензорски или
ментални способности, или
неискуството или незнаењето, не се во
можност безбедно да го користат
уредот, не треба да ракуваат со него
без надгледување и упатување од
страна на одговорно лице.
• Овој уред треба да се користи само за
вообичаено готвење и печење храна
во домаќинството.
• Бидете внимателни при приклучување
струја на приклучни кутии во близина
на самиот уред. Електричните кабли
не смеат да бидат подметнати под
жешката врата од рерната.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ризик од
изгореници! при употреба,
внатрешноста на рерната станува
многу жешка.
• Доколку во рерната користите состојки
кои содржат алкохол, може да настане
прилично запалива смеса од алкохол
и воздух. Во тој случај, внимателно
отворајте ја вратата. притоа, не
ракувајте со никакви извори на
топлина, искри или отворен пламен.
Информации за акриламидите
Според најновите научни сознанија,
интензивното запечување на
храната, особено на производите
кои содржат скроб, може да биде
опасно по здравјето поради
акриламидите. Оттаму,
препорачуваме секогаш кога е
можно да готвите при пониски
температури и да не ја запечувате
храната премногу.
Како да избегнете да го оштетите уредот
• Не обложувајте ја рерната со
алуминиумска фолија и не ставајте ги
плеховите, тавите, итн. на дното од
рерната, бидејќи тоа предизвикува
прегревање што ќе го оштети емајлот.
2 electrolux










