User manual
4. Влезете во Мени и одберете ја
функцијата: Пиролиза. Притиснете
на .
5. Поставете го траењето на
процедурата за чистење:
Опција Опис
Брзо За лесно
чистење: 1
h.
Нормално За
стандардно
чистење: 1 h
30 min.
Интензив. За темелно
чистење: 2 h
30 min.
6. Притиснете .
Кога ќе започне чистењето, вратата на
печката е заклучена и светлото не
работи.
За да го сопрете чистењето пред да
заврши, исклучете ја печката.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Кога функцијата ќе
заврши, печката е многу
жешка. Постои опасност од
изгореници.
Вратата останува затворена и некои
од функциите на печката не се
достапни после завршување на
чистењето се додека температурата
во печката се намалува.
13.5 Чистење на садот за
вода
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Не ставајте вода во садот
за вода во текот на
процедурата за чистење.
Во текот на процедурата
за чистење може да се
цеди вода од доводот на
пареа во внатрешноста на
печката. Ставете сад за
собирање на водата на
нивото на решетката
директно под доводот на
пареа за да спречите
паѓање на водата на дното
во внатрешноста на
печката.
По некое време, може да се
наталожат наслаги од бигор во
печката. За да го спречите тоа,
чистете ги деловите од печката кои
што ја создаваат пареата. Празнете го
садот по секое готвење со пареа.
Типови вода
• Мека вода со ниска содржина на
бигор - производителот го
препорачува тоа бидејќи го
намалува бројот на процедури за
чистење.
• Вода од чешма - можете да ја
користите ако домашниот водовод
има прочистувач или омекнувач на
вода.
• Тврда вода со висока содржина
на бигор - не влијае врз работата
на печката но го зголемува бројот
на процедури за чистење.
МАКЕДОНСКИ 51