User manual
5.3 Употреба на ринглите
ВНИМАНИЕ!
Не ставајте жешки садови
за готвење на контролната
табла. Постои ризик од
оштетување на
електронските делови.
Ставете го садот за готвење директно
во центарот на одбраната рингла.
Индукциските рингли се автомаски
приспособуваат на димензиите на
дното на садот.
Откако тенџерето е детектирано, се
појавува поставка за јачина на
топлона 0.
Можете да готвите во големи садови
на две рингли истовремено. Садот за
готвење мора да ги покрива центрите
на двете рингли. Ако садот за готвење
е ставен меѓу двата центри,
функцијата Bridge нема да биде
вклучена.
5.4 Поставување на
јачината на топлината
Допрете ја контролната лента на
посакуваната поставка за јачина или
движете го вашиот прст преку
контролната линија за да ја поставите
или да ја промените поставката за
јачина за ринглата.
Откако сте го ставиле тенџерото на
ринглата и сте поставиле поставка за
јачина останува иста 50 минути откако
сте го тргнале тенџерето. Контролната
линија трепка во втората половина од
тоа време. Ако ставите тенџере на
ринглата повторно во истото време
поствјата за јачина се вклучува
повторно. Во спротивно, ринглата се
исклучува.
5.5 функција Управување
со енергијата
• Ринглите се групирани според
местото и бројот на фазите на
површината за готвење. Видете ја
сликата.
• Секоја фаза има максимално
електрично напојување од 3680 W.
• Функцијата ја распределува
моќноста помеѓу ринглите поврзани
со истата фаза.
• Функцијата се активира кога
целосното електрично напојување
на ринглите поврзано со една фаза
надминува 3680 W.
• Функцијата ја намалува моќноста на
другите рингли поврзани со истата
фаза.
• За ринглите кои имаат намалена
јачина, контролната плоча ги
покажува само максималните
можни јачини на топлина.
• Ако повисока поставка за јачина не
е достапна намалете ја прво за
другите рингли.
• Активирањето на функцијата
зависи од бројот и големината на
тенџерињата.
МАКЕДОНСКИ 31