Recipe Book

4.9 Полнети телешки гради
Состојки:
1 парче леб
1 јајце
200 g мелено месо
сол, црн пипер
1 кромид, исечкан
магдонос, сечкан
1 kg телешки гради (со засечен џеб)
супа од зеленчук (морков, праз,
целер, магдонос)
50 g сланина
250 ml вода
Метод:
Натопете го парчето леб во вода и
потоа исцедете го. Потоа измешајте го
со јајцето, меленото месо, солта,
црниот пипер, сечканиот кромид и
магдоносот.
Зачинете ги телешките гради (со
засечен џеб во нив) и наполнете го
џебот со полнењето од месо. Потоа
цврсто затворете го отворот.
Ставете ги телешките гради во тава за
печење, додадете ја супата од
зеленчук, сланината и водата. Свртете
го печеното месо по околу 30 минути.
Време во апаратот: 100 минути
Ниво на решетка: 2
4.10 Јагнешки бут
Состојки:
2,7 kg јагнешки бут со коска
30 ml маслиново масло
сол
црн пипер
3 чешниња лук
1 китка свеж рузмарин (или 1
супена лажица сув рузмарин)
вода
Метод:
Измијте го јагнешкиот бут и исушете
го, втријте го маслиновото масло и
направете засеци во месото. Зачинете
со сол и црн пипер. Излупете ги
чешнињата лук и исечете ги на
резанки, распоредете ги заедно со
рузмаринот во засеците во месото.
Ставете го јагнешкиот бут во тава за
печење месо и додадете вода.
Долниот дел треба да биде потопен во
10-15 mm. Свртете го печеното месо
после отприлика 30 минути.
Време во апаратот: 160 минути
Ниво на решетка: 2
4.11 Зајак
Состојки:
2 зајачки грба
6 боровинки (згмечени)
сол и црн пипер
30 g стопен путер
125 ml кисела павлака
супа од зеленчук (морков, праз,
целер, магдонос)
Метод:
Истријте ги зајачките грбови со
згмечените боровинки, солта и црниот
пипер и премачкајте ги со стопениот
путер.
Ставете ги зајачките грбови во тава за
печење, додадете ја киселата павлака
и супата од зеленчук.
Време во апаратот: 35 минути
Ниво на решетка: 1
4.12 Зајак во сенф
Состојки:
2 зајака, секој по 800 g
сол и црн пипер
2 супени лажици маслиново масло
2 крупно исечкани кромида
50 g сланина исечкана на коцки
2 супени лажици брашно
375 ml пилешка супа
125 ml бело вино
1 супена лажица свежа мајчина
душичка
125 ml слатка павлака
2 супени лажици сенф Дижон
Метод:
Исечете ги зајаците на 8 парчиња со
слична големина, зачинете ги со сол и
црн пипер и запржете ги од сите
страни во тавче на рингла.
Извадете ги парчињата зајак и
испржете ги кромидот и сланината.
МАКЕДОНСКИ 9