Recipe Book
Наполнете ја патката со коцките од
портокал, зачинете ја со сол и зашијте
ја.
Ставете ја патката во тавата за
печење месо со градите надолу.
Исцедете го сокот од портокалите,
измешајте го со шерито и налејте го
врз патката.
Ставете ја патката во апаратот.
Свртете после 30 минути. Се огласува
сигнал.
• Време во апаратот: 90 минути
• Ниво на решетка: 1
4. MЕСО
4.1 Тепсија со говедско месо
Состојки:
• 600 g јунешко
• сол и црн пипер
• брашно
• 10 g путер
• 1 кромид
• 330 ml темно пиво
• 2 лажички кафеав шеќер
• 2 лажички доматно пире
• 500 ml говедски бујон
Метод:
Исечете го јунешкото на коцки,
зачинете со сол и црн пипер и
посипете со малку брашно.
Загрејте го путерот во тавче и
испржете ги парчињата месо. Потоа
ставете ги во тава за ѓувеч.
Излупете кромид и ситно исецкајте го,
пропржете го на малку путер, а потоа
ставете го во тавата врз месото.
Измешајте темно пиво, кафен шеќер,
доматно пире и говедска супа, ставете
го сето тоа во тавче и оставете да
зоврие. Потоа истурете врз месото
(месото треба да е прекриено).
Поклопете и ставете го во апаратот.
• Време во апаратот: 120 минути
• Ниво на решетка: 3
4.2 Маринирано говедско
За подготвување на маринадата:
• 1 l вода
• 500 ml вински оцет
• 2 кафени лажички сол
• 15 зрна црн пипер
• 15 зрна боровинки
• 5 ловорови листа
• 2 снопчиња зеленчук за супа
(морков, праз, целер, магдонос)
Ставете ги заедно да зовријат, а
потоа оставете ги да се оладат.
• 1,5 kg парче говедско
Истурете ја маринадата врз
говедското да го прекрие и
оставете го да се маринира 5 дена.
Состојки за печењето:
• сол
• црн пипер
• супа од зеленчукот од маринадата
Метод:
Извадете го парчето говедско од
маринадата и исушете го. Зачинете со
сол и црн пипер и запржете го од сите
страни во тавче, па додадете малку
супа од зеленчук од маринадата.
Ставете малку од маринадата во тава
за печење. Долниот дел треба да биде
потопен во 10 - 15 mm течност.
Покријте ја тавата за печење со капак
и ставете ја во апаратот.
• Време во апаратот: 150 минути
• Ниво на решетка: 1
4.3 Печено месо
Состојки:
• 2 парчиња сув леб
• 1 кромид
• 3 супени лажици сечкан магдонос
• 750 g мелено месо (мешавина од
јунешко и свинско)
• 2 јајца
• сол, црн пипер и црвен пипер
• 100 g тенки парчиња сланина
Метод:
www.electrolux.com6