Recipe Book

9.3 Излупени домати
Метод:
Расечете го горниот дел од доматите
во форма на крст, ставете ги во сад за
парење и ставете ги во апаратот. На
крајот од готвењето, отстранете ја
лушпата од доматите.
Време во апаратот: 10 минути
Ниво на решетка: 3
10. СОЛЕНИ ТОРТИЧКИ СО ЈАЈЦА
10.1 Солени тортички со јајца
Состојки:
3 јајца
100 ml млеко
50 ml слатка павлака
сол, црн пипер, мускатно оревче
магдонос, сечкан
Метод:
Добро измешајте ги јајцата, млекото и
павлаката. Не матете ги. Потоа
зачинете ги и додајте сечкан
магдонос. Налејте во подмачкани
стаклени или порцелански садови.
Време во апаратот: 30 минути
Ниво на решетка: 3
После готвењето: извадете го
јадењето од садовите и исечете го на
мали коцки или шестоаголници.
10.2 Колач со карамел
Состојки за мешавината:
100 g шекер
100 ml вода
500 ml млеко
1 стапче ванила
100 g шекер
2 јајца
4 жолчки
Друго:
6 чиничиња за суфле
Метод:
Ставете 100 g шекер во тенџере и
топете го додека не добиете светло
кафеав карамел. Потоа внимателно
додајте вода (внимавајте - постои
опасност од изгореници) и загревајте
додека да зоврие. Варете до сируп и
веднаш истурете го во 6 чиничиња за
суфле, дното да биде прекриено со
карамел. Ставете го млекото во тава,
пресечете го стапчето ванила и со нож
исчистете го семето и додајте ги во
млекото. Загрејте го млекото на 90 °C.
(Да не зоврие) Изматете ги јајцата и
жолчките со 100 g шекер. (Не правете
крем) Полека додавајте млеко во
мешавината од јајца и шекер. Потоа
ставете во чиничињата.
Време во апаратот: 40 минути
Ниво на решетка: 2
10.3 Кокосов пудинг
Состојки:
250 ml млеко
370 g кокосово млеко
6 јајца
120 g шекер
1 конзерва манго, исцедено и
испасирано
Друго:
6 чиничиња за пудинг
Метод:
Измешајте ги млекото и кокосовото
млеко. Изматете ги малку јајцата и
шекерот и додајте ги во кокосовото
млеко. Наполнете ги чиничињата за
пудинг со мешавината. По готвењето,
превртете ги и украсете ги со манго.
Време во апаратот: 40 минути
Ниво на решетка: 2
11. ГАРНИР
11.1 Ориз и зеленчук
Состојки:
200 g ориз со долго зрно
50 g див ориз
www.electrolux.com28