Recipe Book
додајте ги јајцата и стопеното
чоколадо.
Оревите исечкајте ги крупно,
измешајте ги со брашното и прашокот
за пециво и вмешајте ги во
чоколадната мешавина.
Обложете длабок плех за печење со
хартија за печење, ставете ја смесата
внатре и израмнете.
• Време во апаратот: 50 минути
• Ниво на решетка: 3
После печењето:
Оставете да се олади, отстранете ја
хартијата за печење и исечете на
квадрати.
7.3 Капучино торта
За мешавината:
• 100 g омекнат путер
• 90 g шекер
• 2 жолчки
• семки од едно стапче ванила
• 2 супени лажици инстант кафе
(растворено во 50 ml жешка вода)
• 2 белки
• 50 g брашно
• 50 g пченкарно брашно
• 1 / 2 лажичка прашок за печиво
За сосот:
• 250 ml сок од портокал
• 50 g шекер
• 1 тропрст цимет
• 20 ml ликер од портокал
За преливот:
• 200 ml изматен шлаг за украсување
Друго:
• 6 чиничиња или чашки намачкани
со путер
Метод:
Изматете ги заедно путерот, шекерот,
жолчките, семето од стапчето ванила,
а потоа измешајте ги со раствореното
кафе. Изматете ги белките. Просејте
ги брашното, нишестето и прашокот за
пециво низ сито и додајте ги во
мешавината во слоеви со белките и
промешајте. Ставете ја мешавината
во чиничиња или чашки намачкани со
путер.
• Време во апаратот: 40 минути
• Ниво на решетка: 2
После печењето:
Ставете ги сокот од портокал,
шекерот, циметот и ликерот од
портокал во тава и варете додека не
се направи сируп. Превртете ги
топлите тортички на чинија за десерт,
украсете со сосот и шлагот.
7.4 Торта со моркови
Состојки за мешавината:
• 150 ml сончогледово масло
• 100 g кафеав шекер
• 2 јајца
• 75 g сируп
• 175 g брашно
• 1 лажичка цимет
• 1/2 лажичка мелен ѓумбир
• 1 лажичка прашок за пециво
• 200 g ситно изрендани моркови
• 75 g суво грозје
• 25 g мелен кокос
Состојки за преливот:
• 50 g путер
• 150 g крем-сирење
• 40 g шекер во кристали
• мелени лешници
Друго:
• Тркалезен плех за печење со
дијаметар од 22 cm со калап што се
отвора, подмачкан
Метод:
Изматете ги заедно сончогледовото
масло, кафениот шекер, јајцата и
сирупот. Во смесата полека додајте ги
и другите состојки.
Ставете ја смесата во подмачканиот
плех за печење.
• Време во апаратот: 55 минути
• Ниво на решетка: 3
После печењето:
Изматете ги путерот, слатката павлака
и шекерот во кристали (ако е потребно
додадете малку млеко за лесно да се
нанесува).
www.electrolux.com18