Recipe Book
Во тавче ставете 1 супена лажица
маслиново мало. Излупете го
кромидот, исечете го на тенки резанки
и покриен динстајте го на масло околу
30 минути. Зачинете со сол и црн
пипер и ставете 1/2 кафена лажичка
сечкан магдонос.
Оставете го кромидот малку да се
излади, а потоа распоредете го по
тестото.
Потоа одозгора распоредете ја
рикотата и козјото сирење и додадете
маслинки. Наросете одозгора 1/2
кафено лажиче сечкана мајчина
душичка.
За да го направите филот, измешајте
ги заедно јајцата и киселата павлака.
Истурете го филот врз погачата.
• Време во апаратот: 45 минути
• Ниво на решетка: 1
7. ТОРТА/КОЛАЧИ
7.1 Колач со бадеми
Состојки за мешавината:
• 5 јајца
• 200 g шекер
• 100 g марципан
• 200 ml маслиново масло
• 450 g брашно
• 1 супена лажица цимет
• 1 пакетче прашок за пециво (околу
15 g)
• 50 g сечкани ф’стаци
• 125 g мелени бадеми
• 300 ml млеко
Состојки за преливот:
• 200 g џем од кајсии
• 5 супени лажици шекер во прав
• 1 лажичка цимет
• 2 супени лажици топла вода
• тенко сечкани бадеми
Друго:
• Плех за печење со дијаметар од 28
cm со калап што се отвора
Метод:
Изматете ги заедно јајцата, шекерот и
марципанот 5 минути, а потоа полека
додавајте маслиново масло.
Измешајте ги заедно брашното,
циметот и прашокот за пециво, а
потоа додајте ги сечканите ф’стаци и
мелените бадеми. Потоа внимателно
додајте ја оваа мешавина во смесата
со јајца заедно со млекото.
Ставете ја смесата во плех за печење
со калап што се отвора посипан со
лебни трошки.
• Време во апаратот: 70 минути
• Ниво на решетка: 2
После печењето:
Загрејте го џемот од кајсии и
намачкајте го врз колачот со четка.
Оставете ја да се излади. Измешајте
ги заедно шеќерот во прав, циметот и
топлата вода, а потоа премачкајте го
колачот. Потоа веднаш посипете со
тенко сечканите бадеми на
глазираната површина на колачот.
7.2 Чоколадни колачиња
Состојки:
• 250 g чоколадо за готвење
• 250 g путер
• 375 g шекер
• 2 пакетче ванилин шекер (околу 16
g)
• 1 тропрст сол
• 5 супени лажици вода
• 5 јајца
• 375 g ореви
• 250 g брашно
• 1 лажичка прашок за пециво
Метод:
Искршете го чоколадото на големи
парчиња и стопете го во сад на пареа
или вода.
Изматете ги заедно путерот, шеќерот,
ванилиниот шеќер, солта и водата,
МАКЕДОНСКИ 17