Recipe Book
Состојки за филот:
• 1 мала главичка од бела зелка (400
g)
• 50 g сланина
• 2 супени лажици пречистен путер
• сол, црн пипер и мускатно оревче
• 3 супени лажици кисела павлака
• 2 јајца
Друго:
• Плех за печење со пергамент
хартија за печење
Метод:
Измесете тесто од брашното од
крупник, урдата со ниска масленост и
малку сол и ставете го во фрижидер.
Исечете ја белата зелка на ситни
ленти. Сланината исечете ја на коцки
и пржете ја во пречистениот путер.
Додаjте ја зелката и пржете додека да
омекне. Зачинете со сол, црн пипер и
мускатно оревче и внимателно додаjте
ја киселата павлака.
Нека крчка додека да испари целата
течност.
Јацата сварете ги тврдо и откако ќе се
изладат, исечете ги на коцки,
измешајте ги со зелката и оставете да
се излади.
Размесете го тестото и исечете
кругови со дијаметар од 8 cm.
Ставете малку од филот на средината
на секое кругче и преклопете.
Залепете ги рабовите со притискање
со вилушка.
Ставете ги кнедлите во плех обложен
со пергамент хартија за печење и
премачкајте ги со жолчка од јајце.
• Време во апаратот: 20 минути
• Ниво на решетка: 3
6.6 Паста со сирење
Состојки:
• 400 g фета сирење
• 2 јајца
• 3 супени лажици сечкан магдонос
• црн пипер
• 80 ml маслиново масло
• 375 g кори
Метод:
Измешајте ги заедно фета сирењето,
јајцата, магдоносот и црниот пипер.
Покријте ги корите со влажна крпа за
да не се исушат. Ставете 4 кори една
преку друга откако секоја сте ја
намачкале со малку масло.
Пресечете ги на 4 ленти, секоја со
должина од 7 cm.
Ставајте по 2 рамни супени лажици од
мешавината со фета на аголот од
секоја лента и дијагонално диплете во
триаголник.
Редете ги од горе надолу во плехот за
печење и премачкувајте ги со масло.
• Време во апаратот: 25 минути
• Ниво на решетка: 3
6.7 Колач со козјо сирење
Состојки за тестото:
• 125 g брашно
• 60 ml маслиново масло
• 1 тропрст сол
• 3 - 4 супени лажици ладна вода
Состојки за преливот:
• 1 супена лажица маслиново масло
• 2 главички кромид
• сол и црн пипер
• 1 кафена лажичка сечкана мајчина
душичка
• 125 g рикота
• 100 g козјо сирење
• 2 супени лажици маслинки
• 1 јајце
• 60 ml слатка павлака
Друго:
• Црн плех за печење, подмачкан, со
дијаметар од 28 cm
Метод:
Ставете ги брашното, маслиновото
масло и солта во сад за матење и
мешајте ги додека смесата не заличи
на лебни трошки. Додајте вода и
измесете тесто. Оставете го тестото
да стои во фрижидер неколку часови.
Потоа развлечете го тестото и ставете
го во подмачканиот црн плех за
печење. Избодете го дното со
вилушка.
www.electrolux.com16