Recipe Book
Згмечете го второто чешне лук и
измешајте го со млекото и слатката
павлака. Истурете ја мешавината врз
компирите и распоредете го остатокот
од путерот во мали грутки врз
јадењето.
• Време во апаратот: 70 минути
• Ниво на решетка: 2
5.6 Franconian кнедли тава
Состојки:
• Околу 1000 g парчиња мисирка
• 1 мала конзерва печурки (мали
главички)
• 500 g сечкан кромид
• 1 кg тесто за штрудла
• 400 g рендано сирење
• 250 ml слатка павлака
Метод:
Зачинете ги парчињата мисирка со
сол, црн пипер, црвен пипер, итн.
Испржете го сечканиот кромид.
Темелно исцедете ги печурките. Потоа
измешајте ги заедно месото, кромидот
и печурките и ставете ги во сад за во
печка. Измешајте го тестото за
штрудла и сирењето и ставете ги врз
мешавината од мисирка. Потоа
налејте ја слатката павлака.
• Време во апаратот: 75 минути
• Ниво на решетка: 1
5.7 Ѓувеч со зелка
Состојки:
• 1 зелка (800 g)
• мајоран
• 1 кромид
• масло за брзо пропржување
• 400 g мелено месо
• 250 g ориз со долго зрно
• сол, црн пипер и црвен пипер
• 1 литар бујон од месо
• 200 ml милерам
• 100 g рендано сирење
Метод:
Исечете ја зелката на четвртини и
извадете го кочанот. Бланширајте ја
во солена вода зачинета со мајорам.
Излупете го кромидот, ситно исечкајте
го и пропржете го на малку масло.
Потоа додајте ги меленото месо и
оризот со долго зрно, пропржете и
зачинете со сол, црн пипер и црвен
пипер. Додадете го бујонот од месо и
оставете го поклопено да крчка 20
минути.
Ставете слоеви зелка и мешавината
од мелено месо и ориз во садот.
Најгоре ставете го милерамот и
посипете сирење врз јадењето.
• Време во апаратот: 60 минути
• Ниво на решетка: 2
5.8 Печена цикорија
Состојки:
• 8 средно гоеми цикории
• 8 парчиња варена шунка
• 30 g путер
• 1,5 супени лажици брашно
• 150 мл бујон од зеленчук (од
цикоријата)
• 5 супени лажици млеко
• 100 g рендано сирење
Метод:
Исечете ја цикоријата на половинки и
отстранете ја горчливата срцевина.
Потоа внимателно измијте ја и варете
ја 15 минути во зовриена вода.
Извадете ги половинките цикорија од
водата, освежете ги со студена вода и
повторно спојте ги. Потоа околу секоја
цикорија завиткајте парче сланина и
наредете ги во подмачканиот плех за
печење.
Стопете го путерот и додадете
брашно. Пропржете, а потоа истурете
ги бујонот од зеленчук и млекото и
оставете да зоврие.
Измешајте 50 g сирење во сосот и
прелијте ја цикоријата. Потоа посипете
го остатокот од сирењето преку
јадењето.
• Време во апаратот: 35 минути
• Ниво на решетка: 2
5.9 Искушение. на Џенсонови
Состојки:
МАКЕДОНСКИ 13