Recipe Book

Одозгора попрскајте со брашно и
измешајте. Додајте ги со мешање
пилешката супа, белото вино и
мајчината душичка и оставете да
зоврие.
Додајте ја слатката павлака и сенфот
Дижон, вратете го месото внатре,
покријте го со капак и ставете го
јадењето во апаратот.
Време во апаратот: 90 минути
Ниво на решетка: 1
4.13 Дива свиња
За подготвување на маринадата:
1,5 л црвено вино
150 g целеров корен
150 g моркови
2 главички кромид
5 ловорови листа
5 чешниња
2 снопчиња зеленчук за супа
(морков, праз, целер, магдонос)
Ставете ги заедно да зовријат, а
потоа оставете ги да се оладат.
1,5 kg бут од дива свиња (плешка)
Истурете ја маринадата врз месото
да го прекрие и оставете го да се
маринира 3 дена.
Состојки за печењето:
сол
црн пипер
супа од зеленчукот од маринадата
1 мала конзерва лисичарки
Метод:
Извадете го бутот од дива свиња од
маринадата и исушете го. Зачинете го
со сол и црн пипер и запржете го од
сите страни во тавче на рингла.
Додадете ги лисичарките и малку супа
од зеленчук од маринадата.
Ставете ја маринадата во тава за
печење. Долниот дел треба да биде
потопен во 10 - 15 mm течност.
Покријте ја тавата за печење со капак
и ставете ја во апаратот.
Време во апаратот: 140 минути
Ниво на решетка: 1
5. ЈАДЕЊА ВО РЕРНА
5.1 Лазањи
Состојки за сосот со месо:
100 g сланина од пафлак
1 кромид
1 морков
100 g целер
2 супени лажици маслиново масло
400 g мелено месо (мешавина од
јунешко и свинско)
100 ml супа од месо
1 мала конзерва домати, на
парчиња (околу 400 g)
оригано, тимијан, сол и црн пипер
Состојки за сосот бешамел:
75 g путер
50 g брашно
600 ml млеко
сол, црн пипер и мускатно оревче
Ставете ги заедно со:
3 супени лажици путер
250 g зелени листови за лазањи
50 g пармезан, рендан
50 g меко сирење, рендано
Метод:
Со остар нож, отстранете ги кората
и ’рскавицата од сланината и
исечкајте ја на ситни коцки. Излупете
ги кромидот и морковот, исчистете го
целерот, исечкајте го сиот зеленчук на
ситни коцки.
Загрејте го маслото во тава и мешајќи
постојано запржете ги сланината и
зеленчукот исечкан на коцки.
Постепено додавајте го меленото
месо, запржете го со постојано
мешање додека не стане зрнесто и
додајте го бујонот од месо за да се
растворат соковите. Зачинете го сосот
од месо со пирето од домат, билките,
солта и црниот пипер и варете го
покриен на тивок оган околу 30
минути.
Во меѓувреме, подгответе го
бешамелот: Растопете го путерот во
тава, додајте го брашното и со
постојано мешање пржете додека не
добие златна боја. Постепено и со
www.electrolux.com10