User manual

Функција рерна Примена
Загревање со скара За печење поголеми парчиња месо или живина на едно
ниво. Исто и за запекување и потпекување.
Вметнување на приборот во рерната
Ставете го рамниот плех или длабоката
тава за печење на телескопските шини.
Закачете ги дупките на рабовите врз
држачите на телескопските шини.
Ставете ја решетката на телескопските
шини, така што ногарките ќе бидат
насочени надолу.
Високата рамка околу решетката е
дополнителна заштита од лизгање
на садовите за готвење.
Вметнување на решетката и на
длабоката тава за печење заедно
Ставете ја решетката врз длабоката
тава за печење. Ставете ја решетката
или длабоката тава за печење на
телескопските шини. Закачете ги
дупките на рабовите врз држачите на
телескопските шини.
Сонда за месо
Сондата за месо ја мери температурата
во средината на месото. Кога месото ќе
ја достигне поставената температура,
печката се исклучува автоматски.
Треба да се постават две температури:
Температурата на печката: Видете во
табелата за печење месо
Температурата на средината: Видете
во табелата за сондата за месо
ВАЖНО Употребувајте ја само
испорачаната сонда за месо или
оригинални резервни делови
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Сондата за
месото е жешка! Опасност од
изгореници! Внимавајте кога ги
вадите врвот и приклучокот на
сондата за месо.
1. Вметнете го приклучокот на сондата
за месо во приклучникот на
страничниот ѕид на печката.
2. Вметнете го врвот на сондата за месо
во средината на месото, колку што
може да влезе.
electrolux 7