User manual

Секогаш затворајте ја вратата на
апаратот, дури и при печењето на
скара.
Нега и чистење
Пред одржување, исклучете го
апаратот и дисконектирајте го од
напојувањето за струја.
Пред одржување, проверете дали
апаратот е изладен. Постои опасност
од изгореници. Постои опасност од
кршење на стаклените плочи.
Секогаш одржувајте го апаратот чист.
Наталожените маснотии или други
остатоци од храна може да
предизвикаат пожар.
Редовното чистење го спречува
оштетувањето на површинските
материјали.
Заради Ваша лична безбедност и
безбедноста на Вашиот имот, чистете
го апаратот само со вода и сапун. Не
користете запаливи производи или
производи кои може да предизвикаат
корозија.
Не чистете го апаратот со чистачи на
пареа, чистачи под висок притисок,
остри предмети, абразивни средства
за чистење, абразивни сунѓери и
отстранувачи на дамки.
Ако користите спреј за рерна,
придржувајте се до упатствата на
производителот. Не прскајте ништо
врз филтерот за масти (ако е
наместен), на грејачите и сензорот на
термостатот.
Не чистете ја стаклената врата со
абразивни средства за чистење или со
метална гребалка. Огноотпорната
површина на внатрешното стакло
може да се скрши и да се распрсне.
Кога стаклените плочи на вратата се
оштетени, тие стануваат слаби и може
да се скршат. Мора да ги замените.
Контактирајте со сервисниот центар.
Внимавајте кога ја отстранувате
вратата од апаратот. Вратата е тешка!
Не чистете го проводливиот емајл (ако
е применливо).
Светло на рерната
Исклучете го апаратот од
напојувањето со струја пред да го
замените светлото на рерната. Постои
опасност од електричен удар!
Сервисен центар
Само овластен инженер може да го
поправа или да работи на апаратот.
Контактирајте со овластен сервисен
центар.
Користете само оригинални резервни
делови.
Расходување на апаратот
За да се спречи ризик од физичка
повреда или оштетување
Извадете го приклучникот за струја
од штекерот.
Отсечете го кабелот за струја и
фрлете го.
Откачете ја бравата на вратата. Ова
ќе оневозможи деца и мали животни
да се затворат во апаратот. Постои
опасност од задушување.
4 electrolux