User manual

можно пониски температури и премногу
да не ги запечувате јадењата.
Внатрешна страна на вратата
Од внатрешната страна на вратата на
печката се наоѓаат:
броевите на нивоата за решетката
информации за функциите на печката,
препорачаните нивоа за решетката и
температурите за вообичаените
јадења.
Температурите и времињата за
печење во табелите се само
препорака. Тие зависат од
рецептите, квалитетот и
количеството на употребените
состојки.
Печење
Општи упатства
Вашата нова печка може да пече тесто
или месо различно од апаратот што
сте го имале порано. Приспособете ги
вашите вообичаени поставки
(температура, времиња за готвење) и
нивоата на решетката според
вредностите во табелите.
Кога се пече подолго, печката може да
се исклучи околу 10 минути порано за
да се искористи преостанатата
топлина.
При користење замрзната храна,
садовите во рерната може да се
свиткаат во текот на печењето. Кога
садовите ќе се изладат повторно,
свиткувањето ќе го снема.
Како да ги користите табелите за печење
Препорачуваме да ја поставите
пониската температура првиот пат.
Ако не можете да најдете поставки за
одреден рецепт, погледнете ги
поставките за најсличниот.
Времето за печење може да се
продолжи 10-15 минути ако печете
тесто на повеќе од едно ниво.
Торти и печива на различни височини
отпрвин не се заруменуваат
подеднакво. Ако се случи тоа, не
менувајте ја температурата.
Разликите ќе се изедначат за време на
печењето.
Совети за печење
Резултати на
печењето
Можна причина Решение
Колачот не е доволно
испечен долу
Неправилно ниво во
рерната
Ставете го колачот на пониско ниво во
рерната
Колачот спласнува
(станува влажен,
леплив,
нерамномерен)
Премногу висока
температура на печење
Користете пониска поставка
Колачот спласнува
(станува влажен,
леплив,
нерамномерен)
Премногу кратко време на
печење
Продолжете го времето на печење
Не поставувајте повисоки температури
за да го намалите времето на печење
Колачот спласнува
(станува влажен,
леплив,
нерамномерен)
Премногу течност во
тестото
Употребете помалку течност.
Внимавајте на времето на мешање,
особено при користење машини за
мешање.
Колачот е премногу
сув
Температурата на рерната
е прениска
Поставете повисока температура на
рерната
Колачот е премногу
сув
Премногу долго време на
печење
Поставете пократко време на печење
electrolux 11