User manual

Функции на часовникот
Функција Опис
Траење на готвењето
За да нагодите колку долго ќе работи рерната.
Кога времето ќе истече се огласува сигнал. Рерната се
исклучува автоматски.
Крај на готвењето
За да нагодите кога да се исклучи рерната.
Кога времето ќе истече се огласува сигнал. Рерната се
исклучува автоматски.
Траење на готвењето и крај на
готвењето комбинирано .
Како да нагодите одложен старт на апаратот
Рерната се вклучува автоматски во пресметаното време
и потоа се исклучува кога ќе истече нагоденото траење
на готвењето.
Потсетник за време
За да се нагоди одбројување. Кога времето ќе истече се
огласува сигнал. Притиснете кое било копче за да го
запрете звучниот сигнал.
ВАЖНО Потсетникот за време не ја исклучува рерната.
Часовник
Нагодување на времето.
Нагодување на функцијата на
часовникот
Повеќепати притискајте го селекторот
додека на индикаторот не се прикаже
соодветната функција. Притискајте ги
копчињата " + " и " - " за да го нагодите
саканото време на готвење.
Откажување на функција на часовникот
Притискајте го копчето на
програматорот
повеќепати додека не
светне показателот на саканата
функција и притиснете го копчето " - ". По
неколку секунди се гасне функцијата на
часовникот.
Исклучување на екранот
Ако го исклучите екранот, ја
намалувате потрошувачката на
струја.
Екранот можете да го исклучите
само ако не е нагодена некоја друга
функција.
1. Истовремено притиснете ги
командите " + " и " - " и држете ги во
траење од околу 5 секунди.
2. За повторно да го вклучите екранот,
притиснете кое било копче.
Сијалица за работа
Сијалицата за вклучено напојување
(погледнете во "Опис на производот") ќе
се вклучи кога ќе се нагоди контролното
копче за функција на рерната.
Температурна контролна сијалица
Сијалицата за температура (погледнете
во "Опис на производот") ќе се вклучи
кога рерната се загрева. Се гаси кога
рерната ќе ја постигне соодветната
температура. Потоа се вклучува и
исклучува за да укаже на одржувањето
на температурата.
Вентилаторот за ладење
Вентилатор за ладење (не се гледа) ги
одржува студени предната плоча,
копчињата и рачката од вратата на
рерната. Вентилаторот се вклучува
автоматски кога ќе ја вклучите рерната.
Топлиот воздух излегува преку отвор во
близина на рачката за отворање. За да
ги лади елементите за ракување,
вентилаторот за ладење може да
продолжи да работи и по исклучување на
рерната.
Безбедносен термостат
За да се спречи опасно прегревање
(поради неправилно користење на
апаратот или дефектни делови),
рерната е опремена со безбедносен
термостат што го прекинува
напојувањето со струја. Рерната
автоматски се вклучува повторно кога ќе
падне температурата.
electrolux 7