User manual
Полица на рерната
Пред првата употреба
Пред да го користите апаратот,
отстранете ја сета амбалажа, како
однатре така и однадвор. Не
отстранувајте ја плочката со
технички податоци.
Кога го приклучувате апаратот на струја
или во случај на прекин во напојувањето,
автоматски трепка индикаторот за
функцијата Време. Треба да го нагодите
точното време. Ако не го нагодите
точното време, апаратот нема да
работи.
ВАЖНО За да ја отворите вратата,
секогаш фаќајте ја рачката во средина.
Нагодување на часовникот
За да го нагодите точното време
употребете го копчето " + " или " - ". По
прибл. 5 секунди, трепкањето
престанува и часовникот го прикажува
нагоденото точно време.
Прво чистење
Исчистете го апаратот пред првата
употреба. Исчистете ги приборот и
внатрешноста на рерната со мека крпа и
сапуница.
Потоа, загрејте ја рерната без храна.
Загревање
Завртете го контролното копче за
функција на рерната на
и пуштете ја
да работи 45 минути на максимална
температура за да се изгорат секакви
остатоци од површината на
внатрешноста. Приборот може да стане
пожежок отколку при нормално
користење. За тоа време може да се јави
непријатна миризба. Тоа е нормално.
Обезбедете добро проветрување на
просторијата.
Секојдневна употреба
Функции на рерната
Симболи
Положба исклучено (OFF)
Осветление на рерната - се пали без ниту една функција на готвење.
Конвенционално готвење - се загреваат и горниот и долниот грејач. За печење
тесто и месо на едно ниво.
Готвење со вентилатор - за истовремено готвење на неколку различни јадења. За
подготвување домашен компот и за сушење габи и овошје.
electrolux 5










