User manual

Заземјете го апаратот според
предвидените безбедносни мерки.
Погрижете се номиналниот напон и
типот на струјата, наведени на
плочката со технички податоци, да
одговараат на напонот и струјата на
локалната мрежа.
Овој апаратот се испорачува со кабел
за струја без штекер.
Сите електрични компоненти мора да
ги монтира или заменува техничар од
службата односи со корисниците или
квалификуван сервисен персонал.
Секогаш користете правилно
инсталирана шуко-приклучница.
Не употребувајте повеќекратни
штекери, конектори и кабли за
продолжување. Постои опасност од
пожар.
Погрижете се, по инсталацијата да
може да се пријде до штекерот.
Не влечете го кабелот кога сакате да
го извлечете штекерот. Секогаш
влечете го штекерот.
Приклучете го апаратот на струја со
помош на уред кој овозможува негово
одвојување од струјата во сите
полови, ширина на отворот на
контактите од најмалку 3 mm, на пр.
автоматска заштитна склопка, ленти
за заземјување или осигурувач.
Информациите за напонот се наведни
на плочката со технички податоци
(погледнете во "Опис на производот").
Еколошки прашања
Отстранете го Вашиот истрошен уред
според прописите кои важат во Вашето
место на живеење.
Материјалите од амбалажата се
еколошки подносливи и можат да се
рециклираат. Пластичните
компоненти се идентификуваат по
ознаки, на пр., PE, PS, итн.
Отстранувајте ги материјалите од
амбалажата во соодветниот
контејнер, во комуналните објекти за
отстранување на отпад.
Служба за односи со корисниците
За да можеме брзо да ви помогнеме,
препорачуваме да ги запишете следните
податоци:
Опис на моделот ..............
Број на производот (PNC) .............
Сериски број (S.N.) ............
Овие податоци се наведни на плочката
со технички податоци (погледнете во
"Опис на производот").
При погрешно ракување со апаратот
или ако монтажата не ја изведувал
регистриран техничар, посетата на
техничарот од службата за односи
со корисниците, односно
продавачот, дури и во гарантниот
период, не е бесплатна.
electrolux 17