User manual
6. завртете ги двете резиња за 90° и
извадете ги од лежиштата.
7. внимателно кренете ја и извадете ја
стаклената плоча.
чистете ја со сапуница. внимателно
исушете ја.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Чистете ја
стаклената плоча само со сапуница.
Абразивните средства за чистење,
средствата за отстранување дамки и
острите предмети (на пр. ножеви или
гребалки) може да предизвикаат
оштетување на стаклото.
Монтирање на вратата од рерната и на
стаклената плоча
Откако ќе завршите со чистењето,
вратете ја стаклената плоча во вратата
од рерната. Повторете ја постапката во
обратен редослед.
Украсената внатрешна плоча, означена
со украсна рамка, мора да се монтира со
печатениот дел кон спротивната страна
од рерната. Стаклената плоча е
правилно поставена ако не ја
чувствувате грубата површина на
отпечатениот украс кога со прстите
поминувате преку него.
Вметнете ја внатрешната стаклена
плоча во соодветните лежишта, како што
е прикажано на сликата.
Модели од челик што не рѓосува или
алуминиум:
Чистете ги вратата од рерната и
контролната табла кај моделите со
изведба во челик што не рѓосува или во
алуминиум само со влажен сунѓер. По
чистењето исушете ја со мека крпа. Не
користете челична жица, киселини или
средства за чистење, бидејќи тие можат
да ја оштетат површината.
electrolux 13










