User manual
Вметнување на приборот во рерната
Вметнете го приборот, така што
двојните странични рабови се наоѓаат
во задниот дел од рерната и
покажуваат кон долу. Турнете го
приборот помеѓу шините на едно од
нивоата во рерната.
Длабоката тава за печење и
решетката имаат двојни странични
рабови. Овие рабови и обликот на
шините обезбедуваат заштита од
превртување на приборот од
рерната.
Вметнување на решетката и на
длабоката тава за печење заедно
Ставете ја решетката врз длабоката
тава за печење. Турнете ја длабоката
тава за печење помеѓу шините на едно
од нивоата во рерната.
Сонда за месо
Сондата за месо ја мери температурата
на средината на месото.
Може да се нагодат две температури:
• Температурата на печката:
Погледнете ја Табелата за печење
• Температурата на средината: Видете
ја Табелата за сонда за месо
ВАЖНО Користете ги само доставените
или оригиналните резервни делови од
сондата за месо
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Сондата за
месо е жешка! Опасност од
изгореници! Внимавајте кога го
вадете врвот и приклучокот од
сондата за месо.
Користење на сондата за месо:
1. Ставете го приклучокот на сондата
за месо во штекерот на страничниот
ѕид од печката. Показателот за
сондата за месо
трепка.
2. Ставете го шилецот од сондата за
месо во средината на месото, колку
што може подлабоко.
1
2
3. Користете ги копчињата „ +“ или „ -
“ за да ја нагодите температурата на
средината. Температурата може да
ја нагодите во опег од 30 °C до 99
°C.
Видете ги вредностите во табелата.
4. Употребете ги контролните тркалца
за да ја нагодите функцијата печење
во печка и температурата.
electrolux 7










