User manual

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Ако
пламеникот не се запали по 15
секунди, отпуштете го контролното
тркалце, свртете го кон позиција за
исклучување и по 1 минута обидете
се да го запалите пламеникот
повторно.
ВАЖНО Ако нема струја, пламеникот
можете да го запалите без електричен
уред; приближете пламен до
пламеникот, притиснете го соодветното
копче надолу и свртете го налево на
положба за максимално испуштање на
гас.
Ако пламеникот случајно се
изгасне, свртете го копчето во
исклучена положба и обидете се
повторно да го запалите
пламеникот по најмалку една
минута.
Кога електричната мрежаќе се
вклучи по инсталација или
снемување струја, нормално е
генераторот на искри да се
активира автоматски.
Гасење на пламеникот
Притиснете и завртете го контролното
копче во десно, кон симболот
.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Намалете го
пламенот или исклучете го пред да
ги тргнете тенџерињата од
пламеникот.
Ракување со електричните рингли
За вклучување и зголемување на
јачината, свртете го копчето надесно.
За да ја намалите јачината, свртете го
копчето налево. За исклучување,
свртете го копчето на 0.
Кога работи некоја рингла, таа бучи
некое време. Тоа е вообичаено за
сите рингли на керамичките плочи и
не значи дека апаратот работи
неправилно.
Примери за начини на готвење
Топлинс
ки
поставки
:
Употреба:
1 Одржување на топлина
2 Готвење на слаба температура
3 Тивко готвење
4 Пржење
5 До вриење
6 До вриење / брзо пржење /
пржење во длабока маснотија
ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ
Штедење енергија
Ако е можно, секогаш ставајте капаци
на тенџерињата.
Штом течноста во садот ќе почне да
врие, намалете го пламенот, така што
само ќе се одржува тивко крчкање.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Користете
лонци и тенџериња чие дно
одговара на големината на
пламеникот.
Не употребувајте садови за
готвење чие дно е поголемо од
рабовите на ринглата.
Пламеник Пречник на садовите за
готвење
Брз 160 mm - 260 mm
Полу-брз 120 mm - 220 mm
Помошен 80 mm - 160 mm
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Садовите не
смеат да навлезат во контролната
зона.
Внимавајте садовите за готвење да не
стрчат над рабовите на површината за
готвење и да се средишно поставени на
прстените за да не трошите премногу
гас.
Не ставајте нестабилни или
деформирани садови на прстените.
electrolux 9