User manual

ја табелата во поглавјето Технички
податоци).
4. Составете ги деловите, следејќи ја
истата постапка по обратен
редослед.
5. Заменете ја плочката со
спецификации (сместена близу до
цревото за довод на гас) со плочка
која одговара на новиот вид довод на
гас. Етикетата ќе ја најдете во
пакувањето со дизни испорачани со
апаратот.
Ако притисокот на доводот на гасот е
променлив или се разликува од
потребниот притисок, прво мора да
монтирате соодветен регулатор на
цревото за довод на гас.
Прилагодување на минимално ниво
За прилагодување на минималното ниво
на пламениците:
1. Запалете го пламеникот.
2. Свртете го копчето на минималната
положба.
3. Извадете го контролното копче.
4. Со тенок шрафцигер, прилагодете ја
позицијата на завртката за
премостување. Ако преминете од
природен гас со 20 mbar (или
природен гас со 13 mbar
1)
) на течен
гас, целосно затегнете ја завртката за
прилагодување. Ако преминете од
течен гас на природен гас со 20 mbar,
вратете ја завртката за
премостување за приближно 1/4 круг.
Ако преминете од природен гас со 20
mbar на природен гас со 13 mbar
1)
вратете ја завртката за
премостување за околу 1/4 круг. Ако
преминете од течен гас на природен
гас со 13 mbar
1)
, вратете ја завртката
за премостување за околу 1/2 круг.
Ако преминете од природен гас со 13
mbar
1)
на природен гас со 20 mbar,
треба да се затегне завртката за
премостување за околу 1/4 круг.
1 Завртка за прилагодување на
минималното ниво
5. Погрижете се пламенот да не гасне
кога брзо ќе го свртите копчето од
максималната во минималната
положба.
Поврзување на струјата
Заземјете го апаратот според
предвидените безбедносни мерки.
Погрижете се номиналниот напон и
типот на струјата наведени на
плочката со спецификации да
одговараат на напонот и струјата на
локалната мрежа.
Овој уред се испорачува со кабел за
струја. На него треба да се стави
соодветен штекер што може да го
издржи оптоварувањето означено на
плочката со спецификации. Штекерот
мора да се вметне во соодветна
приклучница.
Сите електрични компоненти мора да
ги монтира или заменува техничар од
сервисниот центар или квалификуван
персонал за сервисирање.
Секогаш користете правилно
инсталиран приклучок за струја
обезбеден од струјни удари.
Проверете дали има пристап до
штекерот по монтажата.
Не влечете го кабелот за напојување
за да го исклучите апаратот од струја.
Секогаш повлекувајте го штекерот.
Апаратот не смее да се поврзува со
продолжен кабел, адаптер или
повеќекратна врска (ризик од пожар).
Проверете дали заземјувањето е во
1
1) само за Русија
6 electrolux