User manual

7.3 Приспособување на
нивото на преостаната
влажност на алиштата
За да го смените фабричкото ниво на
преостаната влажност на алиштата:
1. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за да го
вклучите апаратот.
2. Почекајте околу 8 секунди.
3. Притиснете ги и држете ги
истовремено копчињата (A) и (B).
Се пали едно од овие показни светла:
максимално суви
алишта
многу суви алишта
нормално суви алишта
4. Притискајте го копчето (E) повеќе
пати, додека не се вклучи
показното светло за точното ниво.
5. За да го потврдите
приспособувањето, притиснете ги
и задржете ги истовремено
отприлика 2 секунди копчињата (A)
и (B).
8. ПРЕД ПРВА УПОТРЕБА
Пред да го користите апаратот по прв
пат, направете една од следните
операции:
Исчистете го барабанот за сушење
со влажна крпа.
Вклучете кратка програма (на пр.
30 минути) со влажни алишта.
9. ДНЕВНА УПОТРЕБА
9.1 Вклучување програма без
одложен почеток
1. Подгответе ги алиштата и
наполнете го апаратот.
ВНИМАНИЕ!
Кога ја затворате
вратата, внимавајте
алиштата да не се
заглавуваат помеѓу
вратата на апаратот и
гумената заптивка.
2. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за да го
вклучите апаратот.
3. Поставете ја соодветната
програма и опциите според видот
на алишта.
На екранот се прикажува
времетраењето на програмата.
4. Притиснете ја допирната
површина Почеток/Пауза.
Програмата започнува.
9.2 Почнување на програмата
со одложен почеток
1. Поставете ја соодветната
програма и опциите според видот
на алишта.
2. Притискајте го копчето за одложен
почеток повторно и повторно
додека на екранот не се прикаже
времето на одложување што
сакате да го поставите.
Можете да го одложите
почетокот на програма
за сушење од минимум
30 минути до максимум
20 часа.
3. Притиснете ја допирната
површина Почеток/Пауза.
Екранот го покажува одбројувањето на
одложениот почеток.
Кога ќе заврши одбројувањето,
започнува програмата.
МАКЕДОНСКИ 31