User manual
7.2 Вклучување/исклучување
на звучни сигнали
За да ги вклучите и исклучите
звучните сигнали, притиснете и
задржете ги истовремено отприлика 2
секунди допирните површини (B) и (C).
7.3 Приспособување на
нивото на преостаната
влажност на алиштата
За да го смените фабричкото ниво на
преостаната влажност на алиштата:
1. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за да го
вклучите апаратот.
2. Почекајте околу 8 секунди.
3. Притиснете ги и држете ги
истовремено копчињата (A) и (B).
Се пали едно од овие показни светла:
• максимално суви
алишта
• многу суви алишта
• нормално суви алишта
4. Притискајте го копчето (E) повеќе
пати, додека не се вклучи
показното светло за точното ниво.
5. За да го потврдите
приспособувањето, притиснете ги
и задржете ги истовремено
отприлика 2 секунди копчињата (A)
и (B).
8. ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА
Пред првата употреба на апаратот:
• Исчистете го барабанот за сушење
со влажна крпа.
• Вклучете кратка програма (на пр.
30 минути) со влажни алишта.
9. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
9.1 Вклучување програма без
одложен почеток
1. Подгответе ги алиштата и
наполнете го апаратот.
ВНИМАНИЕ!
Кога ја затворате
вратата, внимавајте
алиштата да не се
заглавуваат помеѓу
вратата на апаратот и
гумената заптивка.
2. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за да го
вклучите апаратот.
3. Поставете ја соодветната
програма и опциите според видот
на алишта.
На екранот се прикажува
времетраењето на програмата.
Времето на сушење што го
гледате е поврзано со
полнење од 5 kg за
памучни и тексас
програми. За другите
програми, времето на
сушење е поврзано со
препорачаните полнења.
Времето на сушење на
памучните и тексас
програми со полнење
поголемо од 5 kg е
подолго.
4. Притиснете ја допирната
површина Старт/Пауза.
Програмата започнува.
9.2 Почнување на програмата
со одложен почеток
1. Поставете ја соодветната
програма и опциите според видот
на алишта.
2. Притискајте го копчето за одложен
почеток повторно и повторно
додека на екранот не се прикаже
МАКЕДОНСКИ 31