User manual

Секогаш преместувајте го апаратот
вертикално.
Задната површина на апаратот
мора да се постави кон ѕидот.
Кога апаратот е поставен во
неговата постојана позиција,
проверете дали е целосно
порамнет со помош на либела. Ако
не е, приспособете ги ногалките
додека не се порамни.
2.2 Поврзување со струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од пожар и струен
удар.
Апаратот мора да биде заземјен.
Проверете дали информацијата за
напојување со струја на плочката
со спецификации се совпаѓа со
напојувањето со струја. Доколку не
се совпаѓа, контактирајте со
електричар.
Секогаш користете правилно
монтиран штекер отпорен на
струјни удари.
Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжени кабли.
Не повлекувајте го кабелот за
струја за да го исклучите апаратот.
Секогаш повлекувајте го
приклучокот.
Не допирајте го кабелот за струја
или приклучокот со влажни раце.
Само за Обединетото Кралство и
Ирска. Апаратот има приклучок за
струја со јачина на струја од 13
ампери. Ако е потребно да го
смените осигурувачот во
приклучокот за струја, користете
осигурувач од 13 ампери ASTA (BS
1362).
Апаратот ги исполнува барањата
предвидени со Директивите на ЕЕЗ.
2.3 Употребете го
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од повреди,
струен удар, пожар,
изгореници или
оштетување на апаратот.
Користете го апаратот само во
домашни услови.
Не сушете ги оштетените алишта
кои содржат постава или полнење.
Сушете само ткаенини што можат
да се сушат во машина за сушење.
Следете ги упатствата на етикетата
на секое парче од облеката.
Ако сте ги испрале вашите алишта
со отстранувач за дамки,
стартувајте дополнителен циклус
на плакнење пред да ја пуштите
машината за сушење.
Немојте да пиете или да
подготвувате храна со
кондензирана/дестилирана вода.
Таа може да предизвика
здравствени проблеми кај луѓето и
животните.
Немојте да седите или да стоите на
отворената врата.
Не сушете неисцедени влажни
алишта во машината за сушење.
2.4 Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
оштетување на апаратот.
Не користете воден спреј и пареа
за чистење на апаратот.
Чистете го апаратот со мека,
влажна крпа. Користете само
неутрални детергенти. Не
користете абразивни производи,
абразивни сунѓери за чистење,
растворувачи или метални
предмети.
2.5 Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
задушување.
Исклучете го апаратот од
приклучокот за струја.
Отсечете го кабелот за струја и
фрлете го.
Извадете ја рачката на вратата за
да спречите затворање на деца и
миленичиња во апаратот.
www.electrolux.com24