User manual
• Не сушете неиспрани предмети во машината за
сушење.
• Предметите извалкани со материи како што се
масло за готвење, ацетон, нафта, керозин,
средства за чистење дамки, терпентин, восоци и
средства за отстранување восок треба да се
измијат во топла вода со повеќе детергент пред да
се сушат во машината за сушење.
• Предмети од гумена пена (пена од латекс), капи за
туширање, водоотпорни ткаенини, предмети со
гумена подлога и облека или перници со подлошки
од гумена пена не смеат да се сушат во машината
за сушење.
• Омекнувачите за ткаенини или сличните
производи треба да се користат како што е
определено во упатството на омекнувачот.
• Извадете ги сите предмети од џебовите како
запалки и ќибрит.
• Не прекинувајте ја машината за сушење алишта
пред крајот на циклусот за сушење освен ако сите
предмети не се отстранат брзо и распостелат за
да се испушти топлината.
• Последниот дел од циклусот на машината за
сушење е без топлина (циклус за ладење) како
гаранција дека предметите ќе бидат на
температура што нема да ги оштети.
• Пред одржувањето, исклучете го апаратот и
исклучете го кабелот од штекерот за струја.
2. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
2.1 Монтажа
• Извадете ја целата амбалажа
• Немојте да монтирате ниту да
користите оштетен апарат.
• Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
• Секогаш внимавајте кога го
преместувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици.
• Не монтирајте го и не
употребувајте го апаратот онаму
каде што температурата е под 5°
C
или повисока од 35°C.
• Проверете дали подот на кој го
монтирате апаратот е рамен,
стабилен, отпорен на топлина и
чист.
• Проверете дали има циркулација
на воздух меѓу апаратот и подот.
МАКЕДОНСКИ 23