User manual

5. За да го потврдите
приспособувањето, притиснете ги
и задржете ги истовремено
отприлика 2 секунди копчињата (A)
и (B).
8. ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА
Пред првата употреба на апаратот:
Исчистете го барабанот за сушење
со влажна крпа.
Вклучете кратка програма (на пр.
30 минути) со влажни алишта.
9. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
9.1 Вклучување програма без
одложен почеток
1. Подгответе ги алиштата и
наполнете го апаратот.
ВНИМАНИЕ!
Кога ја затворате
вратата, внимавајте
алиштата да не се
заглавуваат помеѓу
вратата на апаратот и
гумената заптивка.
2. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за да го
вклучите апаратот.
3. Поставете ја соодветната
програма и опциите според видот
на алишта.
На екранот се прикажува
времетраењето на програмата.
Времето на сушење што го
гледате е поврзано со
полнење од 5 kg за
памучни и тексас
програми. За другите
програми, времето на
сушење е поврзано со
препорачаните полнења.
Времето на сушење на
памучните и тексас
програми со полнење
поголемо од 5 kg е
подолго.
4. Притиснете ја допирната
површина Старт/Пауза.
Програмата започнува.
9.2 Почнување на програмата
со одложен почеток
1. Поставете ја соодветната
програма и опциите според видот
на алишта.
2. Притискајте го копчето за одложен
почеток повторно и повторно
додека на екранот не се прикаже
времето на одложување што
сакате да го поставите.
Можете да го одложите
почетокот на програма
за сушење од минимум
30 минути до максимум
20 часа.
3. Притиснете ја допирната
површина Старт/Пауза.
Екранот го покажува одбројувањето на
одложениот почеток.
Кога ќе заврши одбројувањето,
започнува програмата.
9.3 Промена на програма
1. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за да го
исклучите апаратот
2. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за да го
вклучите апаратот.
3. Поставете ја програмата.
9.4 На крај од програмата
Кога програмата за перење е
завршена:
Се слуша испрекинат звучен
сигнал.
Показното светло
трепка.
МАКЕДОНСКИ 31