User manual

Почитувајте ја максималната количина на полнење
од 8 kg (погледнете во поглавјето „Табела со
програми“).
Не го користете апаратот ако предметите се
извалкани со индустриски хемикалии.
Исчистете ги влакенцата или сите остатоците од
амбалажата кои се насобрале околу апаратот.
Не користете го апаратот без филтер. Исчистете
го филтерот за влакненца пред или после секоја
употреба.
Не сушете неиспрани предмети во машината за
сушење.
Предметите извалкани со супстанции какви што се
масло за готвење, ацетон, нафта, керозин,
средства за чистење дамки, терпентин, восоци и
средства за отстранување восок треба да се
измијат во топла вода со повеќе детергент пред да
се сушат во машината за сушење.
Предмети од гумена пена (пена од латекс), капи за
туширање, водоотпорни ткаенини, предмети со
гумена подлога и облека или перници со подлошки
од гумена пена не смеат да се сушат во машината
за сушење.
Омекнувачите за ткаенини или сличните
производи треба да се користат како што е
определено во упатството на омекнувачот.
Извадете ги сите предмети од алиштата кои може
да предизвикаат пожар како запалки или ќибрит.
Не прекинувајте ја машината за сушење алишта
пред крајот на циклусот за сушење, освен ако сите
алишта не се извадат брзо од машината и не се
распостелат за да се испушти топлината.
Последниот дел од циклусот на машината за
сушење е без топлина (циклус за ладење) како
гаранција дека алиштата ќе бидат на температура
што нема да ги оштети.
МАКЕДОНСКИ 23