User Manual
MK
- 43 -
5. Пред ставање во употреба
5.1 Брза спојка
Приклучување:
Турнете ја ниплата од вашето црево за воздух
под притисок во брзата спојка, хилзната
автоматски скокнува кон напред.
Двоење:
Повлечете ја хилзната назад и отстранете го
цревото.
Предупредување! При ослободување на
спојката за цревото, потребно е делот од
спојката на цревото да се држи цврсто
со рака, за да се избегнат повреди како
резултат на повратно отскокнување на
цревото.
Исто така и цревото за воздух под притисок
е опремено со брза спојка, со која може да
бидат приклучени додатоците како што е
прикажано погоре.
6. Употреба
Одвртете го садот (1), наполнете го со
материјал за прскање и повторно затворете
го. Извршете приклучување на воздух под
притисок.
Нагодете го воздушниот притисок на
редукторот за притисок од компресорот.
Безстепено управуваната рачка за
повлекување (3) овозможува прецизно
дозирање на материјалот за прскање.
Со подвижната млазница (2) може безстепено
да се нагоди односот меѓу материјалот за
прскање и количината на воздух како и аголот
на прскање.
Препорака: Пред да започнете со работа
извршете тест на хартија од весник, за да го
пронајдете оптималниот работен притисок.
7. Чистење, одржување и нарачка
на резервни делови
Предупредување! Пред секое чистење,
одвоете го алатот со компримиран воздух од
изворот на компримиран воздух.
Напомена! Немојте целосно да го положувате
алатот во растворувач.
7.1 Чистење
•
Чистета ја млазницата и во случај на
неочекувана блокада или замачкување на
нанесениот слој.
•
Ви препорачуваме да го чистите апаратот
директно по секоја употреба.
•
Чистете ги додатоците по секоја употреба
со соодветно средство. (почитувајте ги
упатствата на супстанците за обработка.)
7.2 Одржување
Во внатрешноста на апаратот не постојат
делови, за кои е потребно одржување.
7.3 Нарачка на резервни делови:
При нарачката на резервни делови потребно
е да се наведат следните податоци:
•
Тип на апаратот
•
Број на артикл на апаратот
•
Идент. број на апаратот
•
Број на резервен дел за потребниот
резервен дел
Актуелни цени и информации можете да
најдете на www.isc-gmbh.info
8. Отстранување и рециклирање
Овој апарат се наоѓа во пакување за да
се спречат оштетувања при транспортот.
Пакувањето претставува суровина и може
да биде повторно употребено или да биде
вратено во циклусот за обработка на
суровините. Овој апарат и неговите додатоци
се состојат од различни материјали како на
пример метал и пластики. Дефектни апарати
не се отстрануваат во ѓубре за домаќинства.
Заради соодветно отстранување апаратот
треба да биде предаден во соодветни
собирни центри. Доколку не ви е познато
дали има собирен центар, информирајте се во
градската управа.
Anl_Spruehpistole_Saugbecher_SPK4.indb 43Anl_Spruehpistole_Saugbecher_SPK4.indb 43 29.05.2018 15:26:1929.05.2018 15:26:19