User Manual
MK
- 44 -
(4). Полнењето на водот за всмукување го
забрзува процесот на всмукување.
•
Отворете го водот за притисок.
•
Приклучете го мрежниот вод. Процесот
на всмукување стартува автоматски. При
макс. висина на всмукување, процесот на
всмукување може да трае до 5 минути.
•
Доколку по нејзината употреба пумпата
биде отстранета, тогаш при повторно
приклучување и ставање во употреба
мора да биде наполнето вода.
7. Замена на водот за мрежен
приклучок
Опасност!
Доколку водот за мрежен приклучок на овој
апарат се оштети, мора да биде заменет од
страна на производителот или од службата за
клиенти или, пак, од слично квалификувано
лице, за да се избегнат опасности.
8. Чистење, одржување и нарачка
на резервни делови
За овој апарат не е потребно одржување
во голема мера. За долг работен век ви
препорачуваме редовна контрола и нега.
Опасност!
Пред секое одржување, апаратот се вади од
напон; за таа цел извадете го штекерот на
пумпата од утикачот.
8.1 Одржување
•
При евентуално запушување на апаратот,
приклучете го водот за притисок на
водот за вода и извадете го цревото за
всмукување. Отворете го водот за вода.
Вклучувајте го апаратот повеќепати
за околу две секунди. На тој начин
запушувањата во најголем број случаи
можат да бидат отстранети.
•
Замена на мрежниот вод:
Внимание: Исклучете го апаратот од
струја! Во случај на дефектен мрежен
вод, неговата замена се врши само од
страна на електричар.
•
Во внатрешноста на апаратот не постојат
делови, за кои е потребно одржување.
8.2 Складирање
•
При подолга неупотреба или неупотреба
во текот на зимата, темелно исплакнете ја
пумпата со вода, целосно испразнете ја и
складирајте ја на суво.
•
Во случај на опасност од замрзнување,
апаратот мора да биде целосно испразнет.
•
По подолги периоди на мирување, со
кратко вклучување и исклучување
проверете дали роторот врти уредно.
8.3 Нарачка на резервни делови:
При нарачката на резервни делови потребно
е да се наведат следните податоци:
•
Тип на апаратот
•
Број на артикл на апаратот
•
Идент. број на апаратот
•
Број на резервен дел за потребниот
резервен дел
Актуелни цени и информации можете да
најдете на www.isc-gmbh.info
9. Отстранување и рециклирање
Овој апарат се наоѓа во пакување за да
се спречат оштетувања при транспортот.
Пакувањето претставува суровина и може
да биде повторно употребено или да биде
вратено во циклусот за обработка на
суровините. Овој апарат и неговите додатоци
се состојат од различни материјали како на
пример метал и пластики. Дефектни апарати
не
се отстрануваат во ѓубре за домаќинства.
Заради соодветно отстранување апаратот
треба да биде предаден во соодветни
собирни центри. Доколку не ви е познато
дали има собирен центар, информирајте се во
градската управа.
Anl_GC_GP_6036_SPK4.indb 44Anl_GC_GP_6036_SPK4.indb 44 21.08.2019 11:40:5221.08.2019 11:40:52