User Manual

MK
- 43 -
4. Технички карактеристики
Мрежен приклучок .......................230 V~ 50 Hz
Приемна моќност ................................ 600 Watt
Количина за транспорт макс. ..............3600 l/h
Висина на пумпање макс. ........................ 40 m
Транспортен притисок макс. 0,4 MPa (4,0 bar)
Висина на всмукување макс.: .................... 8 m
Приклучок за притисок и всмукување ...........
............................................... ca. 33,3 mm (1” IG)
Температура на вода макс. ..................... 35 °C
Ниво на јачина на звукот .................. 81,8 dB(A)
Несигурност ........................................... 2.6 dB
5. Пред ставање во употреба
Пред приклучување уверете се, дека
податоците од табличката за типот се
совпаѓаат со податоците за мрежата.
Предупредување!
Извадете го утикачот секогаш пред да
вршите нагодувања на апаратот.
5.1 Приклучок за вод за всмукување
Во принцип препорачуваме употреба на
предфилтер и на гарнитура за всмукување со
црево за всмукување, корпа за всмукување и
вентил за повратен удар, за да се спречи долг
период на повторно всмукување и непотребно
оштетување на пумпата од камења и туѓи
тела.
Навртете црево за всмукување (црево
од пластика мин. 3/4” со крута спирална
форма) директно или со нипла со винт
на приклучокот за всмукување (1” IG) од
пумпата (види слика 1).
Употребеното црево за всмукување треба
да има вентил за всмукување. Доколку
вентилот за всмукување не може да
биде употребен, во водот за всмукување
потребно е да биде инсталиран вентил за
повратен удар.
Водот за всмукување поставете го
растечки од местото за вадење вода
кон апаратот. Секогаш избегнувајте
поставување на водот за всмукување
над висината за пумпање, воздушните
меурчиња во водот за всмукување
го одложуваат и спречуваат водот за
всмукување.
Водот за всмукување и за притисок се
поставуваат така, што нема да вршат
механички притисок на апаратот.
Вентилот за всмукување треба да биде
доволно длабоко во водата, со што ќе се
избегнесувоработење на апаратот при
намалување на нивото на водата.
Пропустливиот вод за всмукување го
спречува всмукувањето на водата, бидејќи
доаѓа до всмукување воздух.
Избегнувајте всмукување на туѓи тела
(песок итн.), а доколку е тоа неопходно,
поставете предфилтер.
5.2 Приклучок за вод за притисок
Водот за притисок (би требало да биде
најмалку 3/4”) мора да биде приклучен
директно или преку нипла со навртка на
приклучокот за вод за притисок (1” IG ) на
апаратот.
Секако, со соодветни завртки и стеги
може да се употреби црево за притисок
со 1/2”. Учинокот при транспортот се
намалува преку помалото црево за
притисок.
За време на процесот на всмукување,
целосно да се отворат деловите за
блокирање што се наоѓаат во водот за
притисок (прскалки, вентили итн.), за да
може слободно да излегува воздухот што
се наоѓа во водот за всмукување.
5.3 Приклучок за струја
Приклучокот за струја се прави на штекер
од 230 V ~ 50 Hz со заштитен контакт.
Осигурувачите треба да бидат со најмалку
10 ампери.
Вклучувањето/исклучувањето се врши со
вградениот прекинувач.
Моторот се заштитува од
преоптеретување или блокирање преку
вградена контрола на температурата. При
прегревање, контролата на температурата
автоматски ја исклучува пумпата, а по
ладењето апаратот повторно се стартува
самостојно.
6. Употреба
Поставете го апаратот на цврста, рамна и
хоризонтална локација.
Наполнете го куќиштето на пумпата со
вода преку навртката за полнење вода
Anl_GC-GP 6036_SPK4.indb 43Anl_GC-GP 6036_SPK4.indb 43 06.04.2017 13:21:5206.04.2017 13:21:52