User Manual
MK
- 44 -
Внимание! Овој апарат создава
електромагнетно поле додека работи.
Таквото поле во одредени околности може да
влијае врз активни или пасивни медицински
имплантати. За да се намали опасноста
од сериозни или смртоносни повреди
препорачуваме, лицата со медицински
имплантати да се консултираат со својот
лекар и со производителот на медицинскиот
имплантат, пред да
ракуваат со апаратот.
5. Пред ставање во употреба
Пред приклучување уверете се, дека
податоците од табличката за типот се
совпаѓаат со податоците за мрежата.
Предупредување!
Извадете го утикачот секогаш пред да
вршите нагодувања на апаратот.
Освежувачот е демонтиран при испораката.
Комплетната рачка за туркање мора да биде
монтирана пред да се започне со употреба
на освежувачот. Следете го упатството за
употреба чекор по чекор и ориентирајте се
според сликите, за составувањето да ви биде
едноставно.
Монтажа на држачите на дршката на
туркање (види слики 3 и 4)
Втурнете ги држачите на дршката за туркање
(сл. 3/поз. 7) во отворите за таа намена (сл.
3). Потоа прицврстете ги со сигурносните
навртки (сл. 4/поз. 12)
Монтажа на долната дршка на туркање
(види слика 5)
•
Долната дршка на туркање (сл. 5/поз. 6)
мора да биде втурната преку држачите на
дршката на туркање.
•
Спојте ги меѓусебно цевките со
доставените навртки (сл. 6/поз. 11).
Монтажа на горната дршка на туркање
(види слика 6-8)
•
Позиционирајте ја горната дршка на
туркање (сл. 1/поз. 5) така, што отворите
на горната дршка на туркање ќе се
совпаѓаат со отворите на долната дршка
на туркање.
•
Спојте ги меѓусебно цевките со
доставените навртки (сл. 2/поз. 11).
•
Прицврстете го мрежниот кабел на
цевките од дршките на туркање со
доставените држачи за кабли (слика 7)
така, што ќе се обезбеди отворање и
затворање на клапната за исфрлување
(слика 8/поз. 10).
Ве молиме обрнете внимание на тоа, клапната
за исфрлување да може лесно да се отвора и
затвора!
Штелување на длабочината
на
освежувачот за трева (види слика 9)
Длабочината на освежувачот за треба се
штелува со механизмот за штелување на
двете предни тркала. За таа цел извлечете
ја навртката за штелување и вртејќи ја
налево или надесно поставете ја во една од
позициите = 0/ I / II / III.
Длабочината на освежувачот секогаш мора да
се штелува подеднакво
на двете страни.
0 = позиција на возење или позиција на
транспорт
I = длабочина на освежувачот 3 mm
II = длабочина на освежувачот 7 mm
III = длабочина на освежувачот 9 mm
Приклучок за струја
Апаратот може да биде приклучен на секој
штекер со наизменична струја од 230 волти.
Сепак, дозволена е само употреба на шуко-
штекер, за чие осигурување е предвиден
заштитен прекинувач за вод за 16 А. Освен
тоа, претходно мора да биде приклучен
заштитен прекинувач за погрешна струја
(RCD) со најмногу 30 mA.
Приклучен вод за апаратот
Ве молиме употребувајте само приклучни
водови за апаратот кои не се оштетени.
Приклучниот вод за апаратот не смее да биде
произволно долг (макс. 50 m), бидејќи во
спротивно ќе се намали моќноста на електро-
моторот. Приклучниот вод на апаратот мора
да има напречен пресек од 3 x 1,5 mm. На
приклучните водови на тревокосалки особено
често се создаваат изолациски штети.
Причини за тоа, меѓу другото се:
•
пресечени места како последица на
прегазување на вод;
•
нагмечени места, кога приклучниот вод се
води под врати и прозорци;
•
пукнатини како последица на стареење на
изолацијата;
•
превиткување како последица на
Anl_GC_ES_1231_SPK4.indb 44Anl_GC_ES_1231_SPK4.indb 44 24.05.16 07:3724.05.16 07:37