User Manual
MK
- 43 -
3. Употреба според регулативите
Овој освежувач е наменет за приватна
употреба во домашни градини и во градини
одгледувани како хоби.
За освежувачи на трева за приватна домашна
и хоби градина се сметаат оние тревокосалки,
чија годишна употреба не надминува 10
работни часа и кои претежно се употребуваат
за нега на трева или тревни површини, но не
на јавни површини, паркови, спортски терени
ниту во земјоделството и шумарството.
Почитувањето на Упатството за употреба
приложено од производителот е предуслов за
исправна употреба на освежувачот за трева.
Ова упатство за употреба содржи и услови за
работа, одржување и сервисирање.
Предупредување! Заради опасност по
телото на корисникот, освежувачот на
треба
не смее да се употребува како ситнач
за ситнење на исечоци од гранки и жива
ограда. Понатаму, овој освежувач не смее
да се употребува како моторна фреза и за
порамнување на израстоци на почвата како
на пример издигнатини.
Од безбедносни причини освежувачот на
трева не смее да се употребува како погонски
агрегат за други работни алати и комплети
на алати од каков било вид, освен доколку
таквите се јасно одобрени од страна на
производителот.
Оваа машина смее да се употребува само
за нејзината намена. Секаква употреба
надвор од тој домен не соодветствува на
намената. За штети и повреди од секаков вид
предизвикани од таквата употреба гарантира
корисникот/операторот, а не производителот.
Ве молиме имајте предвид дека нашите
уреди, согласно регулативите, не се
конструирани за комерцијална, занаетчиска
или индустриска употреба. Ние не преземаме
гаранција, ако уредот се употребува во
комерцијални, занаетчиски или индустриски
претпријатија како и при слични активности.
4. Технички карактеристики
Мрежен напон: .............................230 V ~ 50Hz
Влезна моќност: .................................... 1200 W
Работна ширина: ......................................31 cm
Број на ножеви: ........................... 8 дупли ножа
Нагодување на длабочината: ... -3 / 3 / 7 / 9 mm
Ниво на звучен притисок LpA: .......... 85 dB (A)
Ниво на звучна моќност LWA: ........... 99 dB (A)
Вибрација на рачка: ...........................2,71 m/s2
Несигурност K ......................................1,5 m/s2
Заштитна класа: ........................................ II / 쏾
Заштитен вид: ............................................IPX4
Тежина ......................................................8,4 kg
Опасност!
Шум и вибрација
Вредностите за шум и вибрација се утврдени
согласно нормите EN ISO 3744:1995, EN ISO
11201:1995 и EN 1033:1995.
Ограничете ги на минимум развивањето
бучава
и вибрацијата!
•
Употребувајте само беспрекорно исправни
апарати.
•
Одржувајте и чистете го апаратот редовно.
•
Прилагодете го Вашиот начин на работа
кон апаратот.
•
Не преоптоварувајте го апаратот.
•
По потреба дозволете да се изврши
проверка на апаратот.
•
Исклучете го апаратот доколку не го
употребувате.
•
Носете ракавици.
Внимание!
Останати ризици
И при употреба на овој електро-алат
согласно прописите, и понатаму
постојат останати ризици. Следните
опасности можат да се појават во врска
со конструкцијата и изведбата на овој
електро-алат:
1. Оштетувања на слухот, доколку не се носи
соодветна заштита за уши
2. Штети по здравјето што резултираат
од осцилации и клатења на раката и
дланката, доколку апаратот се употребува
подолго време или доколку со апаратот
не се управува уредно и истиот не се
одржува.
Anl_GC_ES_1231_SPK4.indb 43Anl_GC_ES_1231_SPK4.indb 43 24.05.16 07:3724.05.16 07:37