User Manual

MK
- 42 -
Опасност!
При употребата на апарати мора да се
почитуваат неколку безбедносни мерки
заради спречување на повреди и штети.
Затоа ве молиме внимателно прочитаjте
го ова упатство за употреба. Сочуваjте го
добро ова упатство за употреба, за да ви
стоjат информациите на располагање во
секое време. Доколку го предавате апаратот
на други лица, ве молиме даjте им го и ова
упатство за употреба. Ние не преземаме
одговорност за незгоди или штети, кои
настанале како резултат на непочитување на
ова упатство и на безбедносните упатства.
1. Безбедносни упатства
Соодветните безбедносни упатства можете
да ги најдете во приложените книшки.
Опасност!
Прочитајте ги сите безбедносни упатства
и инструкции. Заборавање на почитувањето
на безбедносните упатства и на инструкциите
можат да предизвикаат електричен удар,
пожар и/или тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и
инструкции за во иднина.
Објаснување на табличката со упатства на
апаратот (види слика 12)
А = Внимание!
Пред ставање во употреба да се прочита
Упатството за употреба.
B = Држете трети страни (лица и животни) вон
подрачјето на опасност.
C = Внимание, остри запци. Ротацијата
на запците продолжува да трае по
исклучувањето - пред да вршите работи
поврзани со одржувањето или доколку
водот е оштетен, извлечете го утикачкот
од утичницата.
D = Носете заштита за очи и уши.
E = Држете го мрежниот кабел оддалечен од
валјакот.
2. Опис на апаратот и обем на
испорака
2.1 Опис на апаратот (слика 1/2)
1. Тастер-прекинувач за вклучување/
исклучување
2. Блокада на вклучување
3. Мрежен вод
4. Растеретување за тегнење на кабелот
5. Горна дршка на туркање
6. Долна дршка на туркање
7. Држачи на дршката на туркање
8. Нагодување на длабочината
9. Клапна за исфрлување
10. Стеги за прицврстување кабел
11. Навртки за прицврстување на дршката на
туркање
12. Навртки за обезбедување на дршката на
туркање
2.2. Обем на испорака
Ве молиме проверете дали артиклот е
целосен врз основа на опишаниот обем на
доставата. Доколку недостасуваат делови
обратете се најдоцна во рок од 5 работни дена
по купување на артиклот и со приложување
на сметката до нашиот сервисен центар
или до продажната служба, откаде што сте
го купиле апаратот. За таа цел ве молиме
обрнете внимание на табелата од гаранцијата
што се наоѓа во сервисните информации на
крајот од упатството.
Отворете го пакувањето и внимателно
извадете го апаратот од амбалажата.
Отстранете го материјалот за пакување
како и пакувачките и транспортните
осигурувања (доколку постојат).
Проверете дали обемот на испорака е
целосен.
Контролирајте го апаратот и додатоците
по однос на транспортни оштетувања.
По можност сочувајте го пакувањето до
истекот на гарантниот период.
Опасност!
Апаратот и материјалот за пакување не
се играчки за деца! Деца не смеат да
играт со пластични вреќи, фолии и ситни
делови! Постои опасност од голтање и
загушување!
Оригинално упатство за употреба
Безбедносни упатства
Anl_GC_ES_1231_SPK4.indb 42Anl_GC_ES_1231_SPK4.indb 42 24.05.16 07:3724.05.16 07:37