User Manual

MK
- 74 -
5. Пред ставање во употреба
Пред приклучување уверете се, дека
податоците од табличката за типот се
совпаѓаат со податоците за мрежата.
Предупредување!
Извадете го утикачот секогаш пред да
вршите нагодувања на апаратот.
Монтажа (сл. 3 - 6)
Ставете го механизмот за затегање на
ланецот во влезот (сл. 3) и стегнете го од
долу со ѕвездестата навртка (сл. 4).
Пред употребата прицврстете го
апаратот за острење ланци на соодветна
локација (заштитено од прашина, суво,
добро осветлено) со навртката за
прицврстување M8 и прицврстете ги
вложните завртки на соодветна подлога
(на пример на работна маса) (сл.5).
Притоа внимавајте на тоа, дека
монтажната плочка на апаратот за
острење ланци мора да биде втурната во
подлогата до аншлагот (сл. 6).
6. Употреба
Внимание! Пред секое нагодување на
апаратот најпрво секогаш
исклучете го апаратот и извадете го утикачот.
6.1 Поставување на ланецот за острење во
водечката шина (сл. 7)
Најпрво одвртете ја навртката за фиксирање
на ланецот (1).
6.2 Нагодување на аголот на мазнење
согласно податоците за вашиот ланец
(сл. 8) (по правило помеѓу 30-35°)
Одвртете ја навртката за фиксирање на
позицијата на аголот за мазнење (1).
Нагодете го саканиот агол на мазнење со
помош на скалата (2).
Повторно стегнете ја навртката за
прицврстување (1).
6.3 Нагодување на сопирачот на ланецот
(сл. 9/10)
Заклопете го сопирачот (1) врз ланецот.
Влечете го ланецот наназад наспроти
сопирачот на ланецот (1), сè додека не
сопре на дел за сечење (A).Внимание!
Притоа мора да се внимава, аголот на
сопрениот дел за сечење да се совпаѓа
со аголот на мазнење. Доколку не,
продолжете да го влечете ланецот до
следниот дел за сечење.
Заклопете ја главата за мазнење (4)
надолу, сè додека дискот за мазнење (5)
не го допре делот од ланецот што треба да
се изостри (A). (Притоа ланецот може да
биде поставуван кон напред или кон назад
со навртката за нагодување на сопирачот
на ланецот (2)).
6.4 Нагодување на ограничувањето на
длабочината (сл. 10)
Заклопете ја главата за мазнење (4) надолу
и нагодете ја длабочината на мазнење со
навртката за нагодување (7). Внимание!
Длабочината на мазнење потребно е да биде
така нагодена што ќе биде наострена целата
површина за сечење од делот за сечење.
6.5 Фиксирање на ланецот (сл. 7)
Стегнете ја навртката за фиксирање на
ланецот (1).
6.6 Мазнење дел (слика 10/11)
Внимание!
Употребувајте го апаратот само за
мазнење ланци за пилење. Никогаш
немојте да мазните или сечете други
материјали.
Пред да започнете со острење стегнете
го ланецот за пилење во водечката шина.
На тој начин се спречува обрабување на
дискот за мазнење како последица на
лабав ланец за пилење.
Приближете го дискот за мазнење полека
до ланецот за пилење. Пребрзото или
ненадејно приближување кон ланецот за
пилење може да доведе до оштетување
на дискот за мазнење. Може да дојде
до повреди како последица на излетани
делови!
Вклучете го апаратот со прекинувачот за
вклучување и исклучување (1).
Внимателно доведете го дискот за
мазнење (5) со главата за мазнење (4) кон
нагодениот дел.
Anl_GC_CS_85_E_SPK4.indb 74Anl_GC_CS_85_E_SPK4.indb 74 03.05.16 12:4303.05.16 12:43