User Manual

MK
- 72 -
Опасност!
При употребата на апарати мора да се
почитуваат неколку безбедносни мерки
заради спречување на повреди и штети.
Затоа ве молиме внимателно прочитаjте
го ова упатство за употреба. Сочуваjте го
добро ова упатство за употреба, за да ви
стоjат информациите на располагање во
секое време. Доколку го предавате апаратот
на други лица, ве молиме даjте им го и ова
упатство за употреба. Ние не преземаме
одговорност за незгоди или штети, кои
настанале како резултат на непочитување на
ова упатство и на безбедносните упатства.
1. Безбедносни упатства
Соодветните безбедносни упатства можете
да ги најдете во приложените книшки.
Опасност!
Прочитајте ги сите безбедносни упатства
и инструкции. Заборавање на почитувањето
на безбедносните упатства и на инструкциите
можат да предизвикаат електричен удар,
пожар и/или тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и
инструкции за во иднина.
2. Опис на апаратот и обем на
испорака
2.1 Опис на апаратот (слика 1/2)
1. Сопирач на ланецот
2. Навртка за нагодување на сопирачот на
ланецот
3. Скала за нагодување на аголот на
мазнење
4. Навртка за фиксирање за нагодување на
аголот на мазнење
5. Водечка шина за ланец
6. Навртка за фиксирање на ланецот
7. Навртка за нагодување за ограничување
на длабочината
8. Диск за мазнење
9. Прекинувач за вклучување/исклучување
10. Глава за мазнење
11. Мрежен кабел
2.2. Обем на испорака
Ве молиме проверете дали артиклот е
целосен врз основа на опишаниот обем на
доставата. Доколку недостасуваат делови
обратете се најдоцна во рок од 5 работни дена
по купување на артиклот и со приложување
на сметката до нашиот сервисен центар
или до продажната служба, откаде што сте
го купиле апаратот. За таа цел ве молиме
обрнете внимание на табелата од гаранцијата
што се наоѓа во сервисните информации на
крајот од упатството.
Отворете го пакувањето и внимателно
извадете го апаратот од амбалажата.
Отстранете го материјалот за пакување
како и пакувачките и транспортните
осигурувања (доколку постојат).
Проверете дали обемот на испорака е
целосен.
Контролирајте го апаратот и додатоците
по однос на транспортни оштетувања.
По можност сочувајте го пакувањето до
истекот на гарантниот период.
Опасност!
Апаратот и материјалот за пакување не
се играчки за деца! Деца не смеат да
играт со пластични вреќи, фолии и ситни
делови! Постои опасност од голтање и
загушување!
Оригинално упатство за употреба
Безбедносни упатства
3. Употреба според регулативите
Апаратот за острење ланци е наменет за
острење ланци за пили.
Оваа машина смее да се употребува само
за нејзината намена. Секаква употреба
надвор од тој домен не соодветствува на
намената. За штети и повреди од секаков вид
предизвикани од таквата употреба гарантира
корисникот/операторот, а не производителот.
Ве молиме имајте предвид дека нашите
уреди, согласно регулативите, не се
конструирани за комерцијална, занаетчиска
или индустриска употреба. Ние не преземаме
гаранција, ако уредот се употребува во
комерцијални, занаетчиски или индустриски
претпријатија како и при слични активности.
Anl_GC_CS_85_E_SPK4.indb 72Anl_GC_CS_85_E_SPK4.indb 72 03.05.16 12:4303.05.16 12:43