Operation Manual

77
Македонски
Нашите производи се направени да
ги исполнат највисоките стандарди за
квалитет, функционалност и дизајн.
Се надеваме дека во целост ќе уживате
во вашиот Braun Silk·épil SkinSpa.
Внимателно прочитајте го упатството
за употреба пред користење на апара-
тот и задржете го за идна употреба.
Четката за ексфолијација (1) на Braun
Silk·épil видливо го подобрува изгледот
на кожата преку нежните микро-вибра-
ции. Апаратот може да се користи на
сува и на влажна површина.
Важно
Апаратот треба да се користи индиви-
дуално поради хигиенски причини.
Овој апарат се продава заедно со
специјален комплет со кабли со вгра-
дено безбедносно напојување со
многу низок напон. Не заменувајте ги
и не ракувајте со неговите составни
делови. Во спротивно постои ризик
од струен удар.
Апаратот може да се користи
и во када или под туш.
Од безбедносни причини,
може да се користи само без кабел.
Овој апарат не е наменет за упот-
реба од страна на деца или за лица
со намалена физичка, сензорна или
ментална способност, освен ако се
под надзор на лице кое е одговорно
за нивната безбедност. Генерално,
Ви препорачуваме да го чувате
апаратот вон дофат на деца за да се
осигурате дека децата нема да
играат со него.
Опис
1 Четка за ексфолијација
1a Заштитен капак
2 Адаптер за четка
3 Паметна светилка
4 Прекинувач со копчиња (4a)
5 Светилка за полнење
6 Копче за ослободување
7 Специјален комплет со кабли
Полнење
Пред употреба, наполнете го апара-
тот. За најдобри резултати, Ви препо-
рачуваме секогаш да го користите
апаратот целосно наполнет. Со упот-
реба на специјалниот комплет со
кабли вклучете го апаратот со изгасен
мотор во струја. Времето на полнење
е околу еден час.
Светилката за полнење (5) свети
зелено (+) за да покаже дека апаратот
е наполнет. Кога батеријата целосно
ќе се наполни, зелената светилка
за полнење свети постојано. Кога
е целосно наполнет, користете го
апаратот без кабелот.
Кога светилката за полнење свети
црвено (–) покажува дека е време
апаратот повторно да се наполни.
Вклучете го во струја со специјалниот
комплет со кабли.
Целосно наполнет апарат може да се
користи до 40 минути без кабел.
Употребата на влажни површини
може да го намали времето на упот-
реба. Ви препорачуваме повторно
полнење на апаратот по секоја
употреба.
Најдобрата температура за полнење,
употреба и чување на апаратот е меѓу
15 °C и 35 °C. Доколку температу-
рата е многу пониска или повисока
од наведената, полнењето може да
трае подолго и може да се намали
времето за употреба без кабел.
Заштита од прегревање
За да се спречи прегревање на
апаратот, што е малку веројатно, може
да се случи светилката за полнење (5)
да свети црвено осум секунди а потоа
апаратот автоматски да се исклучи.
92283971_SE901_MN_S6-92.indd 7792283971_SE901_MN_S6-92.indd 77 26.07.12 13:0526.07.12 13:05