User Manual
Македонски | 113
Bosch Power Tools 1 609 92A 2LU | (17.3.16)
– Над метален објект сигналните светла 2 светат црвено и се слуша
сигнален тон со максимална јачина на звукот.
Исто така, при жолто светло 2 може да постои метален објект
под полето на сензорот. Малите или металните објекти што се
длабоко поставени се наоѓаат во близина на сензорот, или
својствата на ѕидот го нарушуваат мерниот резултат.
При првото преминување со уредот, грубо се
прикажува позицијата на металниот објект. Доколку
поминете повеќе пати со мерниот уред преку
металниот објект, ќе се прецизира препознавањето
на објектот. Доколку поминете повеќе пати (без да
го подигате мерниот уред) може точно да се
прикаже позицијата на металниот објект: Доколку
сигналните светла 2 светат црвено и се слуша
сигнален тон, има метален објект под полето на сензорот. Доколку
висината на сигналниот тон е на највисоко ниво, металниот објект се
наоѓа под средината на сензорот.
Барање на струјни кабли
Металниот уред прикажува кабли, кои спроведуваат напон меѓу
110 V и 240 V и чија фреквенција одговара на пошироко користениот
стандард (наизменична струја со 50 одн. 60 Hz). Другите кабли
(истосмерна струја, повисока/пониска фреквенција или напон) како
и каблите што не спроведуваат струја не може точно да се одредат, но
ќе се прикажат како метални објекти.
При секое мерење, автоматски се врши барање на струјни кабли.
Доколку се пронајде струен кабел, сигналните светла 2 трепкаат
црвено и се слуша пулсирачки брз сигнален тон. Повторете го
движењето над површината со мерниот уред, за поточно да ги
лоцирате струјните кабли. Доколку поминете повеќе пати, позицијата
на струјниот кабел ќе се прикаже попрецизно.
Струјните кабли може полесно да се пронајдат (напр. светла, уреди),
доколку истите се приклучени и вклучени на кабелот што се бара.
Исклучете ги потрошувачите на струја, пред да дупчите во ѕид, сечете
или глодате.
Напомена: Постојано внимавајте на тоа, цврсто да го држите мерниот
уред во дланката без ракавици, за да овозможите добро заземјување.
Освен тоа, внимавајте на тоа дека каблите/конструкциите мора да
OBJ_BUCH-2847-001.book Page 113 Thursday, March 17, 2016 10:45 AM










