User Manual
112 | Македонски
1 609 92A 2LU | (17.3.16) Bosch Power Tools
За Исклучување на мерниот уред притиснете на прекину-
вачот за вклучување/исклучување 3 надолу.
Доколку по околу 10 мин, не се изврши мерење, мерниот уред
автоматски се исклучува заради нега на батериите.
Напомена: Доколку мерниот уред автоматски се исклучил,
прекинувачот за вклучување/исклучување 3 сè уште се наоѓа во
позиција Вклучено. За повторно да се вклучи мерниот уред, прво
исклучете го и потоа повторно вклучете го.
Видови употреба
Мерниот уред детектира објекти во границите на полето на сензорот 7.
Барање на метални објекти
По вклучувањето, сигналните светла 2 светат зелено.
Поставете го мерниот уред на површината која треба да се провери и
движете го странично.
– Доколку во внатрешноста нема метален објект, сигналните светла
2 светат зелено и не се слуша сигнален тон.
– Доколку мерниот уред се приближува кон метален објект,
сигналните светла 2 светат жолто и со доближувањето до
металниот објект преминуваат во црвено светло. Веднаш штом
сигналните светла засветат со црвена боја, дополнително се слуша
сигнален тон, а со приближувањето до металниот објект се
засилува јачината на тонот.
Сигнални светла Објаснување
зелено не е пронајден објект
жолто – метален објект во близина на
сензорот
– мал или метален објект што е длабоко
поставен во полето на сензорот или
– пречки на сензорот поради
неповолни својства на ѕидот
црвено и непрекинат тон пронајден е метален објект во полето на
сензорот
црвено трепкаво (брзо) и
пулсирачки тон
пронајден е струен кабел
OBJ_BUCH-2847-001.book Page 112 Thursday, March 17, 2016 10:45 AM










