User Manual
Македонски | 111
Bosch Power Tools 1 609 92A 2LU | (17.3.16)
Монтажа
Ставање/менување на батерии
За работа на мерниот уред, се препорачува користење на алкално-
мангански батерии.
За отворање на поклопецот на преградата за батерии 5 притиснете на
блокадата 4 и отворете го поклопецот на преградата за батерии.
Ставете ги батериите. Притоа внимавајте на правилната позиција на
половите на батериите во зависност од приказот на внатрешната
страна од преградата за батерии.
Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе време,
извадете ги батериите. Доколку се подолго време складирани,
батериите може да кородираат и да се испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на
сончеви зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или
осцилации во температурата. Напр. не го оставајте долго време во
автомобилот. При големи осцилации во температурата, оставете го
мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го ставите во
употреба. При екстремни температури или осцилации во температу-
рата, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
Избегнувајте ги ударите и превртувањата на мерниот уред.
Вклучување/исклучување
Пред вклучување на мерниот уред, проверете, дали полето на
сензорот 7 е влажно. Доколку е влажно, исушете го мерниот уред
со крпа.
За Вклучување на мерниот уред притиснете на прекину-
вачот за вклучување/исклучување 3 надолу.
По краткиот тест, мерниот уред е спремен за работа. Подготвеноста
за ставање во употреба ќе биде прикажана со светење на сигналните
светла 2. Доколку по вклучувањето, сигналните светла 2 не светат,
мора да го продолжите рокот на батериите.
OBJ_BUCH-2847-001.book Page 111 Thursday, March 17, 2016 10:45 AM










